vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Рецепт на денот со @martinascooking
Многу лесно и едноставно за правење. Јас правев со 4 кг јагоди, но можете и со 100 гр и со 10 кг, само к?е си ги прилагодите состојките. Убаво измијте ги јагодите и исчистете им ги листовите. Ставете ги во тенџере (големината зависно од количината), додадете го шек?ерот(може и повек?е шек?ер, но мене лично вака ми е поубаво) и сокот од лимон и ставете ги на оган на средна температура. Јас додадов и 500 мл вода, но на пола варење(после 1-1ипол час) извадив околу 1 литро сок за растварање. Доколку не сакате сок, ставете само околу 100 мл вода, а со оглед на тоа што и јаготките пуштаат сок к?е ви дојде супер. Варете го околу 1ипол-2 часа со повремено мешање на средна температура. При крај кога век?е водата к?е се намали скоро целосно мешајте постојано да не ви загори и тогаш додадете една кесичка желатин(претходно набабрен - растворен со вода). Можете да ги изгмечите јагодите дополнително, но со самото варење тие се разделуваат на помали парчиња. Топлиот џем веднаш префрлете го во тегли и убаво затворете ги. Отприлика од 1-1ипол кг јагоди излегува една голема тегла џем. Верувам к?е уживате во вкусот, а и мирисот кој се шири дома дури се вари. Follow martinascooking on Instagram
Време на подготовка од: 120
Време на подготовка до: 140
Број на лица: 6
Kомплицираност: 4
4 кгр. јагоди
2 кгр. шеќер
сок од лимон или 1 лимонтус
1 желатин
вода
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...