vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Прекрасна солена торта! Изненадете ги вашите најмили
1. Секоја од обландите ги ставаме помеѓу две влажни крпи или двете обланди помеѓу три влажни крпи. 2. Путерот оставен на собна температура т.е. омекнат го матиме пенасто со миксер. Ги додаваме ренданото сирење и урдата. Ова ни е основата на филот, а потоа правиме комбинации на бои и вкусови. 3. Го делиме на три дела. Во едниот ставаме ајвар, рендана салама и црвен пипер, во другиот ставаме сечкани на ситно кисели краставички и мелено семе од тиква, а во третиот куркума и рендано варено јајце. Убаво ги промешуваме смесите. 4. Земаме еден лист обланда и ја сечеме на три дела со исти димензии. Прво започнуваме со црвениот фил. Го мачкаме целото парче и го виткаме во ролат, како полжав. Второто парче од обландата го мачкаме со зелен фил, па првото го обвиткуваме со вториот зелен фил. Ова го правиме со тркалање на веќе формираното ролатче. На крајот со жолтиот фил го мачкаме и третото парче и со него го обвиткуваме( со тркалање) веќе формираното тркало од два фила. 5. Постапката ја повторуваме со останата втора обланда. Исто ја сечеме, па ја филуваме и ја формираме така, солената торта. 6. Дел од жолтиот фил (1 лажица) оставаме за премачкување на горниот дел од тортата. 7. Ја оставаме да отстои. Најдобро е од вечер до сабајле, во фрижидер или на ладно место. 8. Филуваме по желба.
Време на подготовка од: 70
Време на подготовка до: 90
Број на лица: 4
Kомплицираност: 5
2 кори обланда
За основа
125 гр путер
400 гр урда
200 гр рендано сирење
Прв дел - црвен фил
1 лажица ајвар
1 лажичка мелен црвен пипер
50 гр рендана салама
Втор дел - зелен фил
1 лажица мелени семки од тиква
2 кисели краставички
Трет дел - жолт фил
1 лажица куркума
1 варено јајце
За украсување
3-4 лажици кисела павлака 20 %
30 гр грашок од конзерва
1 мало морковче или по желба
забава Бремените
Автор: bobik
Чести причини за будење навечер кај децата
Ноќното будење е многу често кај бебињата и малите деца. Некои деца се...
Како да го пронајдете вашиот реален ден на овулација?
Овулацијата не се случува секогаш на истиот ден од циклусот. ...
Раѓањето на дете е еден од најубавите, но и најголемите предизвици за ...
Безбедно разладување на просторија каде што спие бебето
Во топлите летни денови, високите температури можат да бидат непријатн...
Слатки или кисели јаболки, кое за што е најдобро?
Јаболката се едно од најздравите овошја и заслужено го носат епитетот ...