vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Изненадете ги вашите деца за оваа Новогодишна ноќ
Сите состојки за тесто се мешаат заедно, при што маргаринот треба да е на собна температура. Се замесува тесто од нив, добро месејќи да се изедначат состојките внатре. Се завиткува во фолија и се остава во фрижидер половина час. Се вади од фолијата и на работна површина се сука кора од тестото, дебела 4 мм. Кога ја сукате посипете најгоре шеќер во прав а долу поставете ја на хартија за печење за да не се лепи. Со калапи се вадат форми. Шеќерната смеса е течен ројал ајсинг кој се припрема на следниов начин: белката се мати со вилушка, се додава постепено половина од шеќерот и сокот од лимон. Настрана во мали садчиња ставаме по малку од таа смеса и се додаваат прехрамбени бои по избор. Натаму во основниот сад се става уште половина смеса од шеќерот и се добива сега веќе густ ројал ајсинг, кој се користи за образување на контурите на колачите. Остатокот е на вашата имагинација.
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 60
Број на лица: 4
Kомплицираност: 4
100гр. маргарин
220гр. брашно
1 кесичка ванила
1 белка
5 лажици шеќер
1 кора рендана од портокал
1/2 кора рендана од лимон, сосема на врв на лажиче печиво
за украсување,шеќерна смеса ,ројал ајсинг
1 белка од јајце
200гр. шеќер во прав
1 лажица цеден лимон, прехрамбени бои
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...