vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Летото е идеален период за развивање на креативноста и практикување на небројни рецепти со зеленчукот кој е број еден по распространетост во ова време – тиквичките
Чекор 1: Во два сада наредете по една изрендана тиквичка, посолете ги и оставете ги да отстојат 20-тина минути да ја пуштат водата. Чекор 2: Вклучете ја рерната на 180 степени. Изматете по 3 јајца за секоја тиквичка одделно и во нив ставете по 3 лажички брашно и малку сечкан магдонос. Смесата нанесете ја на тиквичките. Чекор 3: Во две тави со приближна должина од 35cm и величина од 25cm поставете мрсна хартија и без употреба на масло, ставете ја смесата од јајца и тиквички. Печете околу 20 минути. Ќе добиете две текни кори кои ќе бидат меки од едната страна, а цврсти и крцкави од другата страна. Чекор 4: На секоја од корите нанесете слој кисела павлака и оставете ги во фрижидер. Чекор 5: Исечете делови од кората со еднаква должина и редете ги во слоеви. Можете да добиете по 5 до 6 слоја од секоја кора и да добиете вкусна солена торта. Послужување: Корите немаат ниту една капка масло, па се одличен солен рецепт и за оние кои внимаваат на својата исхрана. Тортата бргу заситува. Можете да ја послужите и со други додатоци како ситно сечкана салама или кашкавал. Одлуката е ваша. Можете и да изрендате кашкавал на последниот слој кора, наредите чери домати и магдонос и да добиете одлично декорирано предјадење за вечера со пријателите.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3
За корите:
2 Големи тиквички
6 Јајца
6 Лажички брашно
Магдонос по желба
За филот:
600g Кисела павлака
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...