vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Овие кремасти коцки се навистина лесни за подготовка и се толку вкусни што веднаш ќе ги изедете
Измешајте ги пудингот, трите лажици шеќер и 100 милилитри млеко, а останатото млеко ставете го да зоврие. Откако ќе зоврие додајте ја смесата со пудингот и мешајте додека не се згусне. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се излади. Во сад измешајте ги маргаринот и шеќерот во прав, додајте го изладениот пудинг и поделете ја смесата на 3 дела. Во едниот дел ставете ги исечканите крем банани, во другиот кремот, а во третиот додајте го растопеното темно чоколадо. На чинија наредете 12 бисквити потопени во млеко, па нанесете еден дел од смесата. Повторно наредете 12 бисквити и нанесете го вториот дел од смесата. Наредете ги останатите 12 бисквити и завршете со третиот дел од смесата. Оставете го колачот преку ноќ или неколку часа во фрижидер. Исечете го на коцки и послужете.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Број на лица: 6
Kомплицираност: 3
600 милилитри млеко
2 кесички пудинг од ванила
125 грама маргарин
100 грама шеќер во прав
3 лажици шеќер
100 грама крем
70 грама темно чоколадо
4 крем банани
36 парчиња бисквити
200 милилитри млеко за бисквитите
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...