vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Подгответе вкусни палачинки со сирење и сланина
Со миксер изматете го јајцето, потоа постепено додавајте ги млекото, брашното и црвената пиперка, а на крај додадете ја газираната вода и малку сол. Се добро изматете и оставете да отстои 30 минути, па потоа испржете ги палчинките. За филот, соединете го сирењето со киселата павлака, изренданиот кашкаавал и ситно исечканиот магдонос. Палачинките премачкајте ги со филот, па потоа на секоја палачинка врз филот ставете ситно исечкана чадена сланина. Завиткајте ги палчинките и послужете.
Време на подготовка од: 30
Време на подготовка до: 50
Број на лица: 3
Kомплицираност: 3
Состојки за 5 палачинки:
1 јајце
100 грама брашно
100 мл млеко
100 мл газирана вода
1 лажичка мелена црвeна пиперка
Сол и масло за јадење
200 грама фета сирење
50 грама кисела павлака
50 грама кашкавал
150 грама чадена сланина
Малку свеж магдонос
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...