vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Ароматични и меки како душа или крцакви со мирис на цимет, печивата се идеални за послужување со кафе или чај
1. Сите состојките за тесто ги промешуваме и месиме тесто и чекаме да стаса околу 30 минути. 2. Нараснатото тесто се сука со сукало во правоаголник со дебелина на 5 мм-1 см и се премачкува со 100 г стопен путер исе посипува со мешавина од цимет и шеќер. 3. Јаболката се лупат и се рендаат, па добро се цедат и се распоредуваат преку шеќерот и циметот . Тестото внимателно се витка во ролат, па се сече на парчиња дебели 2-3 см. 4. Соодветна тепсија се премачкува со преостанатиот путер и во неа се редат ролничките и се остава да нараснат околу 20 минути. Потоа се премачкуваат со путер и се печат во рерна загреана на 180 степени додека се зарумени. 5. Прелив. Путерот се растопува, па се соединува со шеќерот, ванилинот и млекото. 6. На топлите ролнички се нанесува приготвениот прелив.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Kомплицираност: 3
500 гр меко брашно
25 гр свеж квасец
250 мл топло млеко
3 лажици шеќер
1 јајце
За премачкување и за посипување
100 гр путер
150 гр шеќер
2 рамни лажици цимет
3 јаболка
За прелив
100 гр шеќер во прав
2 лажици млеко
2 лажици путер
2 пакетчиња ванилин
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...