vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Оваа неодолива фокача е одлична како прилог со месо или зеленчук или како едноставна вечера со една чаша јогурт
1. Во подлабок сад, добро промешајте го брашното и квасецот. Потоа, додадете ги и останатите состојки и замесете меко тесто како за пица. 2. Тестото прекријте го со кујнска крпа и оставете го на собна температура околу еден час. Загрејте ја рерната на 200 степени. 3. Вака подготвеното тесто ставете го на хартија за печење, избоцкајте го со вилушка и премачкајте го со маслиновото масло. 4. Одозгора наросете со неколку гранчиња рузмарин, додадете ги исецканите маслинки и посипете со крупна сол. Лесно притиснете го тестото за да се залепат состојките, а потоа печете околу 20 минути, додека не добие златножолта боја.
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 60
Kомплицираност: 3
еден сув квасец
прстофат шеќер
400 гр. брашно
175 мл. млеко
3 лажици маслиново масло
1 лажица сол
За фил:
6 лажици маслиново масло
неколку гранчиња рузмарин
100 гр. црни маслинки
крупна сол
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...