vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Овој десерт го излуде целиот свет! Макаронсите во сите бои брзо и лесно станаа омилениот десерт на сите дами
1. Два часа пред почетокот на припремата извадете ги белките од фрижидер. Во блендер, сомелете ги бадемите заедно со шеќерот во прав. 2. Изматете ги белките, додадете го шеќерот и продолжете да матите сe додека не добиете цврста смеса. 3. Во изматената смеса, додадете ги бадемите и шеќерот и лесно соединете ги. Потоа, додадете малку црвена прехранбена боја или сок од малини. 4. Смесата ставете ја во кујнски шприц и во тава обложена со хартија направете мали кружни форми со пречник од 3 центиметри. 6. Пред печењето, оставете ги на собна температура околу половина час, а потоа печете 15 минути на 150 степени Целзиусови. 7. Испечените колачите наполнете ги со фил по желба: ганаж од бело чоколадо, карамел, фил од лимон – спојте два кекси со малку крем, но немојте силно да притискате. Ганаж со лимон и портокал: Загрејте ја слатката павлака, додадете бело чоколадо и мешајте сe додека не се истопи. Потоа, додадете сок од лимон и изрендана кора од лимон и портокал. Оставете да се излади а потоа намачкајте ги макаронсите со филот.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Kомплицираност: 3
2 белки
80 гр. мелени бадеми
120 гр. шеќер во прав
50 гр. ситен кристал шеќер
прехранбена боја или малку какао
Ганаж од бела чоколада со лимон и портокал
100 гр. бела чоколада
30 мл. слатка павлака
малку сок од лимон
прстофат изрендана кора од лимон или портокал
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...