vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Секогаш добро ќе ви дојде некоја брза рецепта за предјадењe
– Лиснатото тесто ставете го на набрашнета работна површина и развлечете го со сукало. – Со остар нож исечете го на ленти со широчина 1-1,5 см. – Лентите тесто намотајте ги на модли (ако немате модли направете фишеци од картон и обложете ги со алуминиумска фолија). Потоа наредете ги во тава и премачкајте ги со разматено јајце и посипете сусам или ким. – Ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени околу 15 минути или додека да добијат убава румена боја. – Печените корнети внимателно извадете ги од модлите и оставете ги да се изладат. – Излупете го целерот и ситно изрендајте го. Испрскајте го веднаш со сок од лимон за да не потемни. – Додадете ја киселата павлака и посипете со сол и бибер по вкус. Убаво измешајте и со оваа смеса наполнете ги корнетите од тесто. На крај посипете со сецкан свеж власец.
Време на подготовка од: 20
Време на подготовка до: 30
Kомплицираност: 4
250 гр лиснато тесто
1 корен од целер со средна големина
200 мл кисела павлака
сок од лимон
сол, бибер
1 јајце, за премачкување
сусам или ким, за посипување
сецкан свеж власец
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...