vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Галета е колач направен од обично или лиснато тесто и фил чијшто вкус можете сами да го комбинирате без страв дека ќе го промашите вкусот. Овој исклучително вкусен рецепт во себе содржи сливи, јаболка и ореви. Галета е исклучително едноставен колач, а неговата база се состои од тесто кое мора да биде крцкаво и лиснато.
1.Изладеното лиснато тесто извадете го од фрижидер. Развлечете го на побрашнета работна површина и префрлете го врз калап обложен со хартија за печење. Можеби е подобро доколку тавата за печење ја превртите а тестото да го ставите на надворешната страна (на тој начин галетата полесно ќе се извади од тавата. 2.Врз тестото намачкајте ја пастата од ореви. Врз неа рамномерно наредете сливи и јаболка и доколку сакате, дополнително поросете со шеќер. Овошјето не го редете до краевите, туку оставете неколку центиметри празно. 3.Откако ќе го наредите овошјето, завртете ги рабовите од тестото кон внатре. 4.Премачкајте ги рабовите од тестото со изматено јајце. Печете на 200°C околу 30 минути.
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 50
Kомплицираност: 3
150-200 г ореви
2-3 лажици масло
-сливи, свежи или смрзнати
2-3 јаболка
-шеќер
-цимет
-ѓумбир
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...