vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Направете домашен крцкав ѓеврек
Квасецот растворете го во вода, додајте шеќер и кога ќе се раствори додајте брашно. Замесете средно тврдо тесто. Кога ќе биде глатко покријте го да одмори 30 минути. Растегнете го тестото на дебелина од 1,5 см и вадете поголеми погачици, а потоа од нив со чаша вадете помали. Така добивате исечени ѓевреци. Прекријте со фолија. Во тенџере ставете шеќер и карамелизирајте го па додајте 1 л вода. Кога ќе зоврие спуштајте ги ѓевреците и гответе ги околу 2 минути. Вадете ги на крпа на која сте ставиле сусам. Посипете ги со сусам, а потоа наредете ги во плех на кој сте ставиле хартија за печење. Рерната вклучете ја на 200 степени и печете околу 30 минути.
Време на подготовка од: 30
Време на подготовка до: 50
Број на лица: 3
Kомплицираност: 2
500-600 гр брашно
300 мл млака вода
малку масло
30 гр квасец
5 лажици шеќер
сусам
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...