vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
За мини забава со пријателите
Квасецот се остава да стаса со 1 лажица шеќер, 1 лажица брашно и малку вода. Од квасецот и останатите состојки се меси средно меко тесто и се остава да стаса. Откако ќе стаса, се растегнува кора дебела околу 5 милиметри. Со чаша се сечат кругови од тестото кои се ставаат во претходно намачкани со маргарин метални корпици или друг облик на калапи. Фил од пилешко 300 грама пилешко месо (батак или гради) се вари со зачини. Свареното месо се сецка на парчиња, се додава 200 грама сецкан кашкавал, 100 грама сецкани маринирани шампињони, малку кечап, 2 лажици павлака и оригано. Од филот се става во секоја корпица и се пече. Само овие корпици се печат заедно со филот. Останатите, се обликуваат во намрсени калапчиња, над тестото се става малку кујнска хартија и неколку зрна грав или ориз да не се подига многу тестото при печењето. Фил со авокадо 1 авокадо се блендира со малку сок од лимон. Се додава крем сирење 150-200 грама, малку сецкан босилек и црн пипер. Се меша смесата и се полнат испечените корпи. Од горе се става чаден лосос. Фил со павлака 1 краставица се сече на поситни коцки, се додава дробено или рендано сирење, неколку парчиња сувомеснато (може и без него), сецкани ореви, 2 лажици мајонез, сецкан магдонос и павлака. Се меша сe заедно. Со овој фил се полнат испечени корпици и се украсува со маслинка. Погодни се зошто првите можат и да се замрзнат со филот, а останатите празни, па по потреба да се полнат со каков било фил или салата.
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 60
Kомплицираност: 3
200 милилитри млеко
1 филџан масло
1 јајце
1 лажичка сол
1 пресен квасец
брашно по потреба
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...