vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Традиционален индиски леб
Во сад со средна големина, промешајте ги брашното, квасецот, солта и шеќерот и тргнете го садот настрана. Во друг сад помешајте ги млекото, павлаката, маслиновото масло и јајцето. Потоа во него префрлете го миксот со брашното и заедно измешајте ги убаво, додека не добиете тесто. Со миксер за тесто, промешајте го тестото барем уште три минути. Потоа извадете го тестото од садот и ставете го на површина покриена со брашно. Исчистете го садот убаво, намачкајте го со путер и вратете го тестото назад. Оставете го да стаса 30 минути. Рерната пуштете ја да се згрее на 250 степени. Откако тестото ќе стаса, поделете го на 12 еднакви парчиња и покријте ги со крпа или со целофанска фолија. Земете неколку, растегнете ги во еднаква должина и ширина и ставете ги во тавче намачкано со путер. Вака приготвените лепчиња во тавата, ставете ги да се попечат барем 10 минути, додека не се заруменат малку. Откако индиските лепчиња, традиционално наречени „naan“ ќе се испечат, можете да ги намачкате со сос од лук, магдонос и путер. Стопете 100 грама путер на оган и во него додадете 2 истолчени чешниња лук. Додека е сосот топол, намачкајте си на индиското лепче и одозгора посолете малку сечкан магдонос.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Kомплицираност: 3
900 г брашно
1 супена лажица шеќер
1 супена лажица сол
1 квасец
300 мл млеко
80 мл павлака
2 супени лажици маслиново масло
1 јајце
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...