vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Некој човек долго време не можел да ја продаде својата куќа бидејќи била доста запуштена. Еден ден неговата жена се сетила да меси кифли пред да дојде можниот купувач. Кога сета куќа замирисала на кифли, купувачот помислил дека го нашол својот дом и ја купил куќата :)
Квасецот го ставаме во подлабок сад му ставаме малку млако млеко и брашно го промешуваме и го оставаме да стаса. Брашното го ставаме во подлабок сад и кога е стасан квасецот го додаваме во брашното, во брашнот ги ставаме и другите намирници (јајцата, зејтинот, шеќерот ) и убаво го замесуваме тестото. Го оставаме да стаса 30 минути потоа тестото го ставаме на работна маса и од него вадиме 15 до 20 топчиња. Секое топче го расукуваме во мала коричка и ја мачкаме со маргарин само најгорната не ја мачкаме. Откако сме ги намачкале расукуваме голема кора, кората ја сечеме на триаголници и правиме кифли така што ги виткаме од поширокиот кон потесниот крај. Кифлите ги редиме во тепсија која предходно сме ја премачкале со зејтин или маргарин. Врз кифлите премачкуваме жолчка ставаме сусам и мало парче маргарин. Подготвените кифли ги ставаме во загреана рерна да се печат 15 до 20 минути. Кога се готови ги вадиме и ги оставаме да се изладат.
1 килограм брашно
3 жолчки
2 јајца
2 филџани зејтин
2 мали лажички шеќер
1 мало лажиче сол
500 грама млеко
1 квасец
250 грама маргарин
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...