vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Раскошен ролат со спанаќ и ајвар во тестото
Изматете ги јајцата со половина лажичка сол за да добиете хомогена смеса и додајте ги останатите состојки. Поделете ја смесата на три еднакви делови. Во првиот дел додадете го ајварот и убаво измешајте да се соедини. Во вториот дел додадете го обарениот спанаќ и повторно убаво промешајте да се соедини. Со помош на кеси и додаток од кујнски шприц, редете ги смесите во тавата за печење наизменично. Печете околу 15 минути, во загреана рерна на 200 степени. Топлото тесто замотајте го во крпа како ролат. Исечкајте ги краставичките и шунката, издробете го сирењето и измешајте ги со павлаката и мајонезот. Убаво измешајте да се соединат и премачкајте го тестото. Замотајте го ролатот и оставете го да отстои за да се спои. Сечете парчиња со дебелина од 1 сантиметар и сервирајте.
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 60
Kомплицираност: 4
За ТЕСТО:
5 јајца
1/2 лажичка сол
5 лажици брашно
5 лажици зејтин
3 лажици кисела павлака
1 прашок за печиво
2-3 лажици ајвар
2-3 лажици обарен спанаќ
За ФИЛ:
250 гр. павлака
85 гр. мајонез
200 гр. шунка
5-6 кисели краставички
100 гр. сирење
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...