vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Неверојатно вкусни
1. Кора Од белките се мати цврст снег, постепено додавајќи го шеќерот. Потоа се додава кокосоото брашно и брашното измешано со прашокот за пециво. Ова се меша со шпатула. Се пече во добро загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Откако кората ќе се излади, се прелева со топлото млеко (да не е врело). 2. Фил Добро измешајте ги жолчките, пудинзите, брашното, со шеќерот и 200 мл. млеко. На останатите 800 мл. млеко штом зовријат додадете ја смесата од жолчки и непрекинато мешајте додека да смесата да се згусне и проврие на неколку минути. Сварениот крем тргнете го од рингла и оставете сосема малку да се излади (5 мин.). Додадете го путерот (на коцки, неизматен) со мешање. Потоа оставете филот сосема да се излади. Кога ќе биде сосема ладен, настрана изматете слатка павлака, а потоа соединете ја со изладениот крем. Филувајте ја изладената кора со кремот. Одозгора наросете кокос и наредете по еден лешник на секое исечена коцка.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Kомплицираност: 4
КОРА:
6 белки
200 гр. шеќер
3-4 големи лажици кокос
100 гр. брашно
пола кесичка прашок за пециво
200 мл. млеко (за попарување)
ФИЛ:
6 жолчки
2 кесички пундинг од ванила
4 лажици брашно
12 лажици шеќер
1 л. млеко
100 гр. путер
200 мл. слатка павлака
За декорација:
Кокосово брашно
Лешници
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...