vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Суво грозје, кандирано овошје, ореви и чоколадо, се состојките на овој раскошен Божиќен колач по рецептот на легендарниот готвач Стево Карапанџа
Омекнатиот маргарин измешајте го со жолтиот шеќер, ванилиниот шеќер, медот и преостанатите зачини. Се измешајте пенасто, па полека ставајте едно по едно јајце. Издробере ги на крупно чоколадото и оревите, па заедно со кандираното овошје и двата вида суво грозје, замешајте ги во смесата со јајца. и маргарин. На крај додадете го брашното и прашокот за печиво. Направете густо тесто. Премачкајте го калапот за колачи со маргарин и посипете брашно. Ставете го тестото. Печете го колачот во загреана ре4рна на 160 степени околу 1,5 часа. По еден час печење покријте го со алуминиумска фолија, за да не потемни. Откако ќе се испече, оставете го колачот 10 минути во калапот, за да се излади. Потоа со нож одделете го од страните на калапот и полека извадете го. Оставете го колачот потполно да се излади. Подгответе ја глазурата, растопувајќи ги состојките на шпорет. Премачкајте го изладениот колач. Честит Божиќ!
Време на подготовка од: 120
Време на подготовка до: 150
Kомплицираност: 4
- 200 гр. маргарин
- 150 гр. жолт шеќер
- 1 пак. ванилин шеќер
- половина лажиче цимет
- половина лажиче кардамом во прав
- половина лажиче коријандер во прав
- половина лажиче каранфилче во прав
- 4 јајца
- 200 гр. ореви
- 200 гр. црно чоколадо
- 250 гр. црно суво грозје
- 250 гр. бело суво грозје
- 50 гр. кандирана кора од портокал
- 50 гр. кандирана кора од лимон
- 250 гр. брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- маргарин и брашно за калапот
Глазура:
- 100 гр. црно чоколадо
- 75 мл. слатка павлака
- 1 лажичка маргарин
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...