vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Прекрасна пита за зимска идила
Најнапред излупете ја и исчистете ја тиквата. Потоа изрендајте ја. Оревите истолчете ги, а путерот стопете го на пареа. Во голем сад измешајте го шеќерот, ренданата тиква и добро промешајте додека шеќерот се стопи. Додадете цимет и индиско оревче. На крај додадете ги оревите. Повторно промешајте. Раширете една кора, намачкајте ја со стопен путер и посипете ја со смесата од тиква. Завиткајте ја кората и ставете ја во средината на подмачкан тави. Повторете го ова со сите кори. Печете во загреана рерна на 180 степени за 45-50 минути. За прелив: Во голем сад измешајте ги јајцата со шеќерот и добро промешајте. Додаде го млекото и повторно промешајте. Кога колачот се испече во овие 45-50 минути се вади од рерната и се залива со преливот. Печете заедно со него уште околу 10 минути. Послужете ја кората посеана со шеќер во прав.
Време на подготовка од: 90
Време на подготовка до: 100
Kомплицираност: 5
1 кг тиква
200 г ореви
50 г суво грозје
1 пакетче готови кори
150 г масло
200 г шеќер
1 лажичка цимет
? лажичка индиско оревче
За прелив
3 јајца
300 мл млеко
50 г шеќер
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...