vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Феноменален вкус!
Сварете го пудингот. Тргнете го од оган и додадете му бело чоколадо и екстрат од ванила. Мешајте додека не се стопи, па оставете го потполно да се излади. Изматете го маргаринот со шеќер во прав и млеко во прав. На изматениот маргарин додадете му го изладениот пудинг. Изматете го шлагот со кисела вода, па додадете кисела павлака и шеќер. Испечете ги лешниците на тефлон тава. Кога ќе се изладат излупете им ја лушпата и исецкајте ги. Распоредете на првата кора една лажица од филот, па одозгора 3 лажици шлаг и ставете лешници. Наредете ги на тој начин сите кори. Одозгора декорирајте со шлаг, украсете со лешници и послужете.
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 60
Kомплицираност: 4
Состојки за фил:
1 литар млеко
3 пудинзи од ванила
200 гр. млеко во прав
250 гр. маргарин
200 гр. шеќер во прав
Бел дел
300 гр. шлаг
200 мл. кисела вода
1 павлака
Уште
1 пакување росен кори (8 парчиња)
200-300 гр. лешници
шлаг за декорација
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...