vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
За големи и мали деца
Измешајте го маргаринот, шеќерот, јајцата, брашното и прашакот за печиво. Смесата поделете ја на два дела. Првиот дел ставете го во калап за торта, кој претходно сте го премачкале со маргарин. Другата половина од смесата помешајте ја со Нутела и ставете ја над светлата смеса. Исцедете ги вишните (зачувајте го нивниот сок) и распореете ги по тестото. Печете го колачот околу 45 минути на 150 C во претходно загреана рерна. После тоа извадете го колачот и оставете го да се излади. Ставете го на чинија за торта, која може да ја собере во фрижидер. Ставете прстен за торта околу тортата. Измешајте ги свежото сирење, 100 гр. шеќер и ванила. Избијте го шлагот и измешајте го со свежото сирење. Со тој крем премачкајте ја тортата. Направете прелив од остатокот од сокот од вишни и црвениот прелив за торта. Прелијте ја тортата и оставете ја во фрижидерот да се стегне. Извадете го прстенот за торта и послужете.
Време на подготовка од: 90
Време на подготовка до: 120
Kомплицираност: 5
70 g margarina
100 g secera
2 јајца
140 гр. брашно
1 прашак за печиво
2 лажици Нутела
1 тегла вишни
500 гр. свежо сирење
100 гр. шеќер
2 кесички ванилин шеќер
0,5 л. хопла
1 кесичка црвен прелив за торта
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...