vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Леб со маслинки е вкусно топло предјадење кое лесно се подготвува
Во помал сад измешајте ги квасецот, млекото, шеќерот и додадате малку брашно. Оставете ја смесата околу 5 минути, да се крене. Остатокот од брашното измешајте го со сол, масло и млеко. Додадете ја смесата со квасецот. Месете го тестото додека не стане меко. Оставете ја смесата да стаса, на топло место, околу еден час. Маслинките исечкајте ги ситно, додадете ги анасонот и кимот и вметнете ги во смесата. Ставете го тестото во претходно загреана рерна и печете околу 45 минути на 220? степени. Овој вкусен леб се јаде додека е топол, а може дури да биде и идеална комбинација за појадок, која секому ќе му се допадне. Можете да го комбинирате со сирење, ајвар или јогурт. Добар апетит!
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Kомплицираност: 2
600 г брашно
? коцки квасец, 40 грама
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 лажица анасон и ким
1 лажичка маслиново масло
Околу 20 парчиња зелени и црни маслинки
100 мл топло млеко
3-3,5 мл топла вода
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...