vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Рецептот е како создаден за овие денови на златно жолтата есен. Ослободете ја својата креативност подготвувајќи го овој необичен сончоглед
Спанаќот испржете го. Замесете тесто од состојките. Поделете го на два дела и оставете го да стои покриено додека не го подготвите филот. Измешајте ја изварката со спанаќот. Додадете јајце, сол и бибер, а потоа додадете го ренданиот кашкавал, па добро измешајте. Исукајте ги двете половини од тестото во кружен облик. На плехот за печење ставете хартија за печење и на неа ставете го исуканото тесто. Посолете го тестото со презла. Во средината ставете еден круг од филот (обликувајте го со поголема чаша. Остатокот од филот ставајте го во круг околу крајот на тестото. Рабовите на тестото премачкајте ги со јајце. Потоа над тестото и филот ставете го другото исукано тесто. Средината притиснете ја со истата чаша со која го оформивте филот. Исечете ги остатоците од тесто кои се вишок и со вилушка притиснете ги двете теста. Тргнете ја чашата од средината на тестото и со нож исечете парчиња со ширина од 3 cm. од кругот каде се наоѓа филот. Повторно ставете ја чашата во средината и секој пресечен дел завртете го за 90 степени. Извадете ја чашата и средниот дел премачкајте го со јајце и посолете го со сусам или средина од сончоглед. Печете околу 30 минути на температура од 180 степени. Ако сакате постапката на подготовка да ја погледнете низ слики, испратете барање на glaven.urednik@ringeraja.mk
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Kомплицираност: 4
За тесто:
500 гр. Брашно
90 мл. Маслиново масло
200 мл. Бело вино
2 лажички сол
За фил:
350 гр. Спанаќ
350 гр. Изварка
1 јајце
100 гр. Рендан кашкавал
1 лажица презла
Сол, бибер
1 јајце за премачкување
Сусам
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...