vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Прекрасен изглед, уште подобар вкус!
Загрејте ја рерната на 160 степени. Намастете ја тавата за печење (со дијаметар од 20 cm) со путер. Обложете ја со хартија за печење. На пареа стопете го кафеавиот шеќер, млекото и путерот, додека не добиете хомогена смеса. Соединете ги брашното, пецивото и какаото. Додадете го петерот и јајцата и месете додека не добиете изедначена смеса. Ставете ја смесата во тавата подготвена за печење. Откако тестото ќе се испече ставете го на решетка за да се излади целосно. За да го направите чоколадниот премаз ставете го чоколадото (300 гр.) да се стопи на пареа, заедно со путерот. Во смесата додадете ја хоплата и мешајте со миксер. Ставете ја смесата во фрижидер да се излади. За да го подготвите филот за тортата користете електричен миксер. Изматете го путерот во сад додека не стане кремаст. Додадете го шеќерот во прав. Додадете го млекото во прав и 1 лажица млеко. Ставете 1 лажица од преливот за тортата. Исечете 4 хоризонтални делови од тортата. Ставете го првиот дел на послужавник. Премачкајте со 1/3 од кремот. Продолжете ја ги ставате останатите делови од тестото. Од последното парче тесто исечете по една лента за да биде малку помало од останатите. Ставете ја тортата да отстои 1 час во фрижидер за да се стегне. Премачкајте ја со чоколадниот прелив и наредете ги чоколадните топчиња одозгора.
Време на подготовка од: 120
Време на подготовка до: 150
Kомплицираност: 4
200 гр. кафеав шеќер
185 мл. млеко
125 гр. путер
1 пециво
160 гр. Брашно
50 гр. Какао
3 јајца
185 гр. Путер
345 гр. Шеќер во прав
95 гр. Млеко во прав
1 лажица млеко
465 гр. чоколадни топчиња
Чоколаден премаз
300 гр. Темно чоколадо за готвење
125 мл. хопла
30 гр. Путер
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...