vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Фантастични домашни еклерчиња кои наместо со класичен ванила фил, можете да ги наполните со ванила сладолед. Њамиииии
1.Во сад за готвење ставете го путерот заедно со шеќерот, солта и водата. Оставете го да зоврие. Тргнете го садот од оган и ставете го брашното. Повторно вратете го на оган и постојано мешајте додека тестото не почне да се одлепува од 2.Тргнете го од оган. Додавајте едно по едно јајце со постојано мешање. Тестото треба да стане меко и компактно. 3.Загрејте ја рерната на 220 степени. Плехот обложете го со хартија за печење. Со готварски шприц направете кружни формички. Пред печење премачкајте ги со жолчка. 4.На 220 степени печете 15 минути. Потоа на температура од 180 степени печете уште 10 минути се додека не добијат златно-кафена боја. Пресечете ги на половина, во средина ставете топка сладолед од ванила. Прелијте со чоколаден прелив.
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 60
Број на лица: 3
Kомплицираност: 3
340 г брашно
250 г путер
550 мл вода
12 јајца (за тестото)
1/4 лажичка сол
1/4 лажичка шеќер
1 јајце (жолчка за премачкување)
чоколаден прелив
ванила сладолед
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...