vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
За добар почеток на сезоната со кајсии пробајте ги овие чоколадни корпички со кајсии
1.Во подлабок сад измешајте го брашното, какаото и шеќерот. 2.Во друг сад изматете ги јајцата со ванилиниот шеќер и путерот, а потоа додадете го јогуртот и мешајте со дрвена лажица или со маталка за јајца додека смесата не се изедначи. 3.Истурете ја смесата со јајца во садот со брашно, какао и шеќер, а потоа мешајте додека не добиете хомогена смеса. На крајот додадете ги парчињата чоколадо и повторно промешајте. 4.Со путер или маргарин убаво намастете 6 модли за мафини. 5.Поделете ја смесата во модлите (наполнете ги скоро до врв, така да остане уште околу 5 мм од ивицата), а потоа во секоја модла врз смесата ставете по половинка кајсија (со средината свртена нагоре). 6.Печете ги околу 25 минути на 200 степени во загреана рерна. 7.Кога малку ќе се подоладат, а додека се сеуште топли колачињата, со нож нежно поминете околу страните на модлата (нема потреба од ова ако печете во силиконски модли) и внимателно извадете ги корпичките. 8.Врз секоја корпичка истурете по една супена лажица мед (полна) и послужете ги топли или на собна температура.
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 50
Kомплицираност: 2
4 супени лажици бело брашно
4 супени лажици шеќер
2 супени лажици какао
2 јајца
50 гр чоколадо за готвење (исечкано на помали парчиња)
20 гр путер
120 мл јогурт
1 ванилин шеќер
3 свежи кајсии
6 супени лажици мед
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...