vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Мелена плазма и чоколадо се доволни за час да направите вкусен десерт во кој ќе уживате
За тесто: изматкајте ги жолчките со шеќерот, додадете ја мелената плазма, бадемите и какаото. Кога смесата ќе стане компактна, додадете ги изматените белки и измешајте со дрвена лажица. Смесата излијте ја во 4 подмачкани плехови и печете на 200 степени. Фил: Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете брашно и кафе и добиената смеса подготвувајте ја на пареа. Кога шеќерот ќе се стопи додадете чоколадо за готвење и продолжете се додека филот не почне да се згуснува. Кога филот ќе се излади, додадете му пенасто изматен маргарин и матете со миксер додека не добиете компактна смеса. Ставете суво грозје, кое претходно сте го потопиле во рум, па сето добро измешајте го. Тестата попрскајте ги со рум, секое тесто намачкајте го со фил и одозгора украсете со изматената слатка павлака.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Kомплицираност: 4
За тесто
10 белки
10 жолчки
300 гр. шеќер
150 гр, мелена плазма
150 гр. мелени бадеми
3 лажици какао
За фил
5 јајца
300 гр. шеќер
150 гр. чоколадо за готвење
2 лажици брашно
2 лажици мелено кафе
350 гр. маргарин
50 гр. суво грозје
рум
За украсување
500 мл. слатка павлака
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...