vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Најдобриот рецепт за профитероли
Подготовка на тестото Водата, маргаринт и солта ставете ги на оган да зовријат. Додадете го брашното и мешајте додека смесата не почне да се одвојува од садот. Кога тестото ќе се излади ставајте едно по едно јајце и с лажичка формирајте мали топчиња во плех за печење (полупразна лажичка е доволна)Многу е важно тестото да не се излади потполно пред почетокот на печењето. Ставете го плехот во рерна и печете на температура од 175 С околу 20-25 минути. Извадете го плехот од рерната и оставете ги профитеролите да се изладат. ПОдготовка на филот: Ставете го млекото да зоврие со шеќерот и додадете го разматениот пудинг. В пудингот, додека е топол, додадете го маргаринот и оставете потполно да се излади. Изматете го шлагот и откако пудингот ќе се излади измешајте го во него. Наполнете ги профитеролите со фил сечејќи ги на половина илии со шприц. Наредете ги во чинија или чаша и прелијте ги со чоколадо.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Број на лица: 2
Kомплицираност: 4
За тесто
- 130 мл. вода
- 40 гр. маргарин
- малку сол
- 90 гр. брашно
- 2 јајца
За крем
- 250 мл. млеко
- 1 пудинг со вкус на ванила
- 50 гр. шеќер
- 20-30 гр. маргарин
- 1 кесичка шлаг
100 гр. чоколадо за преливање
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...