Еца
|
Болест на бакнежот или инфективна мононуклеоза, ја предизвикува вирусот EBV(Epstein-Barr Virus). Најчесто овој вирус ги напаѓа малите децаи болеста кај нив поминува речиси незабележливо (85% од децата се инфицирани со овој вирус). Кај адолесцентите пак, доколку не се изложени на овој вирус како мали настапува потежок облик на болеста. Ова несреќно име доаѓа од таму што начинот на пренос на вирусот е преку плунката, па адолесцентите како нај погодена група, го добиваат вирусот преку бакнеж, а може и преку кивање и кашлање. По прележаната болест, се создава траен имунитет кој штити од втора инфекција. По навлегувањето следи период на инкубација на вирусот- 4-6 недели, по што следи период на главоболки, малаксаност, замор, гадење, покачена температура(37,5◦C ), и тоа трае 1-2 недели, по што се јавува болка и оток во крајниците, отечени лимфни јазли, висока температура(39◦-40◦C), исип, зголемена слезина. Зголемените лимфни јазли се нај карактеристичниот симптом, и се препознаваат како оток позади на вратот со големина од зрно грашок до таа на орев, а може да ги има и напред, под пазуви, на препони итн. Често овие јазли знаат да се спојат и целата регија ќе биде отечена. Симптомите траат 2-4 недели и најчесто поминуваат спонтано. Компликациите се многу ретки а се презентираат како отежнато дишење од големите крајници, анемија менингитис(воспаление на мозочните обвивки), миокардитис(воспаление на срцевиот мускул) итн. Не постои специфичен лек за оваа болест, но не е ни потребен затоа што се поминува само со одмор, мирување, многу, многу течности и парацетамол при покачена температура. Да не се зема антибиотик на своја рака особено не Amoxicillin, поради тоа што се јавува исип( до 90%) Вакцина исто така не постои и затоа најдобра превенција е избегнување на контакт со болните, односно, пазете со кој се бакнувате
< Поракaта ја уредил Еца -- 6.1.2010 11:08:20 >
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
|