Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Како реагира вашето дете на новата бремен... 9.1.2014 9:27:08
vezilka RR
Не знам дали му е реакција на бременоста или некоја друга фаза во развојот, ама Никола во последно време е лепенка за мене. Никогаш, ама баш никогаш, откако е роден не бил таков. Сега мора да ме има пред очи, понекогаш прави проблем кога некој друг ќе земе да го пресоблака или нешто друго. Ако го викне баба му во другата соба, вика не сакам, сакам кај мама. Никогаш не правел така. Баш се прашувам што да применам сега за да се вратиме на старо, или не треба да применувам ништо и да му го дадам вниманието што го бара?
RE: Како реагира вашето дете на новата бремен... 9.1.2014 9:47:57
Lidina
Јас сум 21 недела и Андреј изгледа вака среќен што ќе има братче сака да го гушка бебето(мешето) но многу стана лепенка за мене. До бања не можам да отидам, а да не дигне узбуна каде идам без него.Не беше така претходно..Доаѓам од работа и 2 саати мора да седиме в скут гушнати и да играме. Јас оставам се и му посветувам нему внимание.
RE: Како реагира вашето дете на новата бремен... 13.3.2014 12:55:48
vezilka RR
Обавезно во текот на денот ми вика дај ми го бебето да саи играми, и тој ко божемски го вади од стомакот и си играт, му зборува нешто и му покажува. Кога одам некаде, ми вика остави ми го бебето, јас ќе го чувам додека се вратиш. Вчера на лулашки беше многу смешен, тој седна на едната лулашка да се лула, а бебето ѓомити седи на другата и и зборува на празната лулашка. Хе, хе којзнае како тоа изгледало на другите луѓе од страна
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Како реагира вашето дете на новата бремен... 13.3.2014 16:42:16
Martins mom
Дај боже да останат вака грижливи и бебето кога ќе се роди. И М во бременоста одвај го чекаше сестричето, не покажуваше негативни чувства кон мешето, ама кога состојбата стана реална...е тогаш душичка, кој знае како му било на психата Уживајте мешиња во овој период, бесценет е ..и многу мноооогу зборување, обработување и подготовка за она што следи. Јас ќе ви кажам само...среќно!!!
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
RE: Како реагира вашето дете на новата бремен... 13.3.2014 20:54:50
Defne90 RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
Обавезно во текот на денот ми вика дај ми го бебето да саи играми, и тој ко божемски го вади од стомакот и си играт, му зборува нешто и му покажува. Кога одам некаде, ми вика остави ми го бебето, јас ќе го чувам додека се вратиш. Вчера на лулашки беше многу смешен, тој седна на едната лулашка да се лула, а бебето ѓомити седи на другата и и зборува на празната лулашка. Хе, хе којзнае како тоа изгледало на другите луѓе од страна
Баш ми е мило везилке што поголемото синче така позитивно реагира на твојата бременост и јас исто се надевам и ви посакувам така и да остане.Инаку не мора да значи дека ќе биде љубоморен на помалото братче едноставно сето тоа си зависи од карактерот на детето.Ете на пример мајка ми ми кажува дека јас воопшто не сум била љубоморна на мојата помала сестра туку сум се однесувала ептен заштитнички спрема неа и толку многу сум била среќна што си имам сестричка што не сум давала на никој друг да ја држи.А ете јас и сестра ми сме растени само со мајка ми и татко ми значи сме биле ептен блиски и поврзани со родителите но сепак никогаш не се стварала некоја тензија и љубомора меѓу нас.А тоа верувај мислам дека уште од сега се познава дали ќе биде љубоморен или не,ете на пример поголемото синче уште додека бев бремена не ми го сакаше стомакот така да кажам и цело време ме демнеше за да ме удри со нешто по стомак.Страшно навистина ама вистинито.Дури сега почна по малку да покажува некои знаци на љубов спрема братчето ама се уште не е сосема навикнат.Се надевам искрено дека вие нема да ги имате тие проблеми и Н без проблем ке си го прифати малото бебенце.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
RE: Како реагира вашето дете на новата бремен... 14.3.2014 8:22:00
vezilka RR
Јас се тешам со следново, бидејќи тој знае до некаде што е помало братче/сестриче. Тој практично расте со внуците од сестра ми, секој ден поминуваат по неколку часа заедно. И кога се родо помалиот внук, внуками ептен добро го прифати, викаше ова е мое бебе и ептен е заштитнички настроена кон него. Мислам дека заради тоа и нему му се јави желбата за братче. И мислам дека ќе ја имитира Ена, внуката, оти таа е закон за него, што прави таа, тоа и тој. Хи, хи..сепак ќе видиме, јас се обидувам преку реални случки да му опишам дека ова бебе навистина ќе се роди и ќе си го имаме дома засекогаш, знам дека не ме конта баш така, ама ние си збориме.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Како реагира вашето дете на новата бремен... 14.3.2014 9:17:04
sandriana RR
Е моја Т уште од сега си покажува себичност. Не и е баш јасно што значи бебето во стомакот - мисли јас и го чувам таму за да порасне, па таа да си има играчка кога ќе се роди, ама ништо повеќе од тоа. Ако споменам делења на играчки или храна - веднаш има негативен став НЕ МОЖЕ, МОЕ Е. Ако спомнам делења на обврските- во смисла да помага за бебето- тогаш е ок. Ако ја замолам да не ме клоца, да ме стиска на стомакот и да не ме тера да ја кревам во раце - вели:"а да , ќе плаче бебето", ама со толку и завршува емпатијата, си тера со тоа што наумила. Ќе си тргам јас мака изгледа
RE: Како реагира вашето дете на новата бремен... 14.3.2014 13:12:43
vezilka RR
Мала е уште сандриана, не може да сконта. После третата година е друго мислам. Веќе се посамостојни и поинаку го сваќаат делењето, а додека се помали делењето го подразбираат како одземање. Хе, хе и дали ќе го јадеме стапот или не ќе се пишеме за некој месец
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Како реагира вашето дете на новата бремен... 15.4.2015 20:01:38
Felly RR
М до сега мн позитивно реагира на новата бременост, и постојано кажува како ќе го бања бебето, ќе го пресоблекува, па ќе го вози во камиончето (сега дури и го украсуваше со лепенки за бато ) сама предложи да спие во нејзиното креветче, да го возиме во нејзината количка и сл такви работи. Дури и кебенцето од кое е неразделна, рече дека ќе му го даде на бато, вели - па мамо, мене не ми ги покрива веќе ножињата, мало ми е. Постојано спомнува нешто за бато. На пр. навечер - Мамо, сега бато ќе биди заспан. Тој мал ќе биди и рано ќе си легнува, или како кога ќе се роди само ќе си лежи па по некој месец ќе почни да лази, и таа ќе го учи како се лази. Дај Боже ваквиот став да трае и кога ќе се роди бато
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Како реагира вашето дете на новата бремен... 15.4.2015 22:38:22
Melanija RR
Felly RR веројатно М едвај го чека братчето се си раскажува како ќе биде.Секогаш мислам дека многу влијание има кога детето е поголемо од 4 год па натаму, има чуство за друго дете ,просторот, начинот ...
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Како реагира вашето дете на новата бремен... 16.4.2015 23:27:02
lukajana RR
Felly RR сигурно многу ќе го сака нема да се смени верувај,Л одеше со мене на секој преглед го гледаше бебето,пред спиење го галеше мешето и го заспиваше бебето,а од кога се роди не дава никој да ја искара ,ја чува ,ја рани ,ако ја искарам нешто ми вика што сакаш бе мамо да прави гледаш дека е бебе. Јас мислев ке биде љубоморен ама не е воопшто дури се научи дека се треба да дели со неа и многу ја сака а таа само во него гледа,не легнуваат ако не се изгушкале .
< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 16.4.2015 23:29:02 >
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив