Maca25 -> RE: Како реагира вашето дете на новата бременост? (26.6.2011 9:42:00)
|
Јас не сум бремена, но можам да кажам како моето дете реагира на бременоста на снаа ми. Пред да остане снаа ми трудна, Нина беше единственото внуче во фамилијата. Мазена, галена, единствена. Се за неа се купуваше, сите играчки беа само нејзини, таа го имаше сето внимание. Сега му е љубоморна на стомакот на вујна. Е пред 9 месеци и кажав дека вујче ќе има бебе и таа ми рече дека ќе го тепа. Прво мислевме дека ќе и помине, дека ќе се радува, но како поминува времето таа се повеќе и повеќе е љубоморна. Дури еднаш ја шлапна снаа ми по стомак. Ама не мислевме дека она толку сериозно се ќе свати. Како на пример и рековме дека бебшкото креветче од кај баба ќе му го дадеме на бебето, а за неа ќе купиме голем кревет. Почна да плаче и цел ден не сакаше да излезе од креветчето. Сега пазам што кажувам пред неа, ако купам нешто за бебето, купувам и по некоја ситница за неа. И викаме дека таа ќе биде голема дадичка, дека ќе се грижи за Марин, дека тој ќе и биде како братче, но таа упорно вика: Не, Нина биде сама! Бебињата се лоши! Којзнае како ќе реагира кога навистина ќе треба мама да и роди бато или дада![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
|
|
|
|