|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Колку спие вашето бебе?
1.10.2009 22:34:18   
Natasha5
леле луге Јана преку ден се разбудува почесто и јаде почесто и си легнува навечер некаде околу 23 часот.А се буди околу 7 -7 и 30 сабајле.Дали треба да ја будам за јадење навечер бидејки се многу сатите?ПОМОШ

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Колку спие вашето бебе?
1.10.2009 22:40:07   
Nikolina
nemoj da se nerviras,pred nekoj den pomina patronaznata i mi rece deka posle sest nedeli im preporacuvale na roditelite da namalata so obrocite i da go ostavat sto e mozno poveke da spie bebeto,sto znaci ako e mozno i voopsto da ne se budi bidejki ova vreme najpoveke mu trebalo son a kolku sto znam Jana bi trebalo da ima dva dva ipol meseci neli?

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Колку спие вашето бебе?
1.10.2009 22:47:30   
Natasha5
zadutre 3 polni

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Колку спие вашето бебе?
1.10.2009 23:20:11   
nadica
НЕМОЈ ДА ЈА БУДИШ имам образложено да не се повторувам ако сака нешто таа тебе ќе те пробуди user posted image user posted image user posted image биди сигурна

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Колку спие вашето бебе?
2.10.2009 8:57:05   
mis.
Леле наташа 5 знаеш ли колу се ретки тие бебиња што ја преспиваат ноќта.Оставија таа да те води тебе а не ти неа.Кога нешто на нејзе ќе и недостасува ќе реагира сигурно.Изгледа задоволена,најдена,пресоблечена не ја боли ништо па спие.user posted image user posted image user posted image за Јана.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Колку спие вашето бебе?
2.10.2009 9:02:18   
profesorica
леле наташа какво будење ти си среќна коцка ако спие цела ноќ, јас откако е роден дамјан не сум преспала цела вечер од тоа негово будење.Бебињата повеќе спијат, нема вечно да трае, уживај додека можеш, а можеби ќе ти се погоди и потоа да ти спие мирно, дај боже, како викаат:не дирај лава док спава!

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Колку спие вашето бебе?
2.10.2009 9:13:35   
niki
Оф, леле, што ти значи да си родител. И таму кај што нема потреба за грижа нас паника не фаќа.
Така јас кога беше мојата 2-3 месеци, почна да ја преспива ноќта и да не се буди за цицање. Арно ама на педијатар кога ја меревме послабо напредуваше и јас, будала, да не и е малку почнав да ја будам и ноќе.
Е, после кога потпорасна, почна сама да се буди и тоа по неколку пати, па и по 10 пати, што на крај ме натера да ја одбијам од цицање. Тогаш жива ке се изедев што ја будев, ама касно беше.
И ете сега за некој месец три ке наполниме, преспива најчесто, ама знае и да се разбуди сред ноќ, да дојде кај нас во кревет или да бара млеко, да бара да мочка. Баш ноќеска се разбуди неколку пати само да провери дали сум тука.
Нато, никако немој да ја будиш, ама никако, остај ја да спие и спиј си и ти, не си свесна колку си среќна.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Колку спие вашето бебе?
2.10.2009 10:22:23   
garfild
Наташа уживај дур си спие вака бебето,никако немој да ја будиш,ништо не и фали.Камо мојата да си ја преспива цела ноќ user posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Колку спие вашето бебе?
2.10.2009 11:24:54   
mother 29
Марко од кога тргна во градинка,дека изгледа таму малку спие, заспива во 8 30 и се буди сабајлето во 7 30.user posted image  user posted image  user posted image

(Одговор на членот garfild)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Колку спие вашето бебе?
2.10.2009 11:26:49   
profesorica
леле мотхер 29 браво за марко user posted image user posted image user posted image ееее и јас сакам така, а когаuser posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Колку спие вашето бебе?
2.10.2009 11:38:45   
mother 29
пушти го во градинка, ги чуствувам последиците од таму,после месец има резултати.
пр.кога му велам ајде да ручкаме ,оп на столчето,сега знае сам да се заигра со играчките -што не беше својствено порано за него...за заспивање легнував до него и го тупкав по газето сега сам заспива,дури и не сака да го тупкам...таму има ред,дома со баба и дедо не?!

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Колку спие вашето бебе?
12.10.2009 0:33:19   
vib11
Поздрав до сите мамички и нивните најмили, мојата Николина има 5 месеци, преку ден имаме некоја шема и се трудиме да се придрзуваме отсабајле спие до 7.30 стануваме цицаме и си пиеме кафенце во 9 заспива пак спие до 11 после пак си јадеме, и така до кај 14 часот после пак си спиеме се буди накај 17 часот пак си јадеме и после веѓе не спиеме до 22, ноке не се буди станува во 7.30.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Колку спие вашето бебе?
12.10.2009 0:34:39   
Natasha5
леле супер шема сте имале продолжете така user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот vib11)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Колку спие вашето бебе?
12.10.2009 0:39:15   
vib11
Се е тоа супер само понекогаш знаат бабите да не пореметат, ама што е тука е, и без нив се неможе.user posted image ">

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Колку спие вашето бебе?
12.10.2009 10:32:16   
mis.
Вибuser posted image user posted image user posted image за вас.Продолжете така, ретки се тие бебиња што ја преспиваат ноќта.

(Одговор на членот vib11)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Колку спие вашето бебе?
12.10.2009 10:43:27   
ripce
во последниов период заспива во 23-24 часот кога го испива млекото до 7-8 станува да цица и продолжува до 10 часот. Ама пред една вечер не можевме да го заспиеме со мм до 3 часот. Јас веќе не можев да стојам на нозе, очите ми се затвараа, легнав на спална, а татко му го донел до мене... почна да ме кубе, да ме гребе и да се кикоти за да станам да си играм со него. И после долгооооото нишкање некако успеа да заспие... а сабајле му се одолживме... го разбудивме во 9 часот дојдоа мајка ми и татко ми за да одиме на викенд... вечерта беше толку изморен што заспа во 22 часот

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Колку спие вашето бебе?
21.10.2009 22:29:27   
Markoimama
Lele blaze si vi sto vi spijat bebinjata. Marko ima 7 mes i samo  3 noki dosega gi prespa celi i toa koga napravi 6 mes. i od togas pak po staro. Znaci legnuva okolu 21 i noke kenka po 3-7 pati. Do 4-5 mes mu davav da cica po 1 do 2 pati noke, a sega samo vodicka mu davam ako se zaplace poveke i cicanje najrano okolu 5 sabajle. A vo 6 stanuvame i odime nakaj moite- jas na rabota a toj so baba mu. Edinstveno pomogna toa sto toj sega si spie sam vo spalna vo krevetceto, a nie vo dnevna. Koga me nema mene vo sobata pomalku stanuva. Imame bebi fon, go stavam na minimum i gi slusam samo najglasnite kenkanja(ne e placenje tuku kenkanje) i toa koga e svtren na mese i veke ne mu e ubavo taka, pa ke odam da go svrtam pa da si prodolzi. Inaku koga spiev vo spalna reagirav na sekoe negovo vrtenje i cela nok bev budna. Vaka stanuvam samo koga vistinski treba i pospivam po 2-3 casa, pa ke stanam ,pa pak i taka. Inaku posle vakcini obavezno po cela nedela nema spienje, se budi na sekoj saat. A preku den? Nikogas ne spiel 3 saati. dali nekolku oati dosega pospal 2 saati naednas. Najcesto po 45 min 2-3 pati na den, a i toa e so vrtenje i kenkanje. site mi vikaat ke smeni, treba vreme. Vo nadez deka ke smeni, pominaa 7 mes. I sama ne znam kako gi pominav....Sega se nadevam do godina ke smeni. user posted image
Mora nekako da si se tesam... user posted image

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Колку спие вашето бебе?
29.12.2009 19:23:29   
mis.
Секое бебе е различно и си има свои потреби. Некои имаат потреба да спијат повеќе од други, но најчесто за вашите најмили важат следните податоци.
Новороденчиња
Бебињата се раѓаат без смисла за време и спијат кога се уморни, а се будат кога се гладни. Тие спијат околу 15 до 18 часа дневно, но во кратки периоди од 2-4 часа. Предвреме родените бебиња спијат повеќе, а бебињата кои имаат колики помалку. Интервалите кога спијат бебињата, кои се хранат со мајчино млеко, се пократки (2-3 часа), затоа што бебињата побрзо го дигестираат ова млеко. Бебињата кои се хранат со млеко од формула, спијат во подолги интервали (3-4 часа). Новороденчињата спијат и дење и ноќе. Не следат определен шаблон и се многу непредвидливи. Вие мора да се придржувате кон нивниот ритам и да правите тоа што му е удобно на вашето бебе.
1-4 месеци
Во овој период вашето бебенце спие 14 ½ -15 ½ часа.
1-2 месец.
Во овој период можете да забележите некаков шаблон кој го следи вашето бебе, кога станува збор за спиењето. Најдолгиот период во кој тоа спие е од 4-6 часа и најчесто се случува во текот на ноќта. Вашето бебе најдолго може да остане будно 2 часа, затоа овозможете му услови да заспие ако измине тој период. Препознајте кога на вашето бебе му се спие. Ако забележите знаци како триење на очите и тргање на ушите, однесете го во креветчето на мирно место за да може да заспие. Сега веќе е чувствително на светлина или звуци, затоа оставајте го да спие во мирна и темна соба.
3-4 месец.

Вашето бебенце спие повеќе во текот на ноќта (60%), отколку дење. Како што расте, сè повеќе е свесно за околината и треба да спие во потемна и помирна соба. Сега веќе се социјализира (се смее, гуга) и затоа може да сака да поминува повеќе време со вас. Но, не му го скратувајте сонот, бидејќи може да се преумори.
 4-12 месеци
Иако во идеален случај треба да спијат најмногу до 15 часа, најголем дел од бебињата, кои се на возраст до 11 месеци, спијат 12 ½ часа. Најважно во овој период е да се воспостават здрави навики за спиење. Плачењето кога го ставате во креветчето или кога ќе се разбуди навечер само ќе се влоши, ако веднаш дотрчувате до него. Освен ако не е гладно или болно, не одете веднаш до него. Треба да бидете упорни, за да му создадете навика за спиење. Кога е на возраст до 9 месеци, вашето бебе најверојатно ќе се буди во 5 часот наутро и веднаш ќе презаспие, или ќе стане во 7 и ќе го започне денот. Бебињата обично спијат 3 пати дневно, до 6 месечна возраст. После шестиот месец, бебето веќе спие само по два пати дневно и нема потреба да јаде навечер.
1-3 години
Во овој период вашето малечко е многу активно и сè уште му е потребен многу одмор. Иако во идеален случај треба да спие најмногу до 14 часа дневно, вашето детенце спие околу 10 ½. Во текот на денот има потреба да спие само еднаш. Многу важно е да ги одржувате воспоставените навики за спиење. Вашето најмило најверојатно си легнува од 19-21 часот и се биди кај 6-8 наутро.

< Поракaта ја уредил mis. -- 29.12.2009 19:26:13 >

(Одговор на членот Markoimama)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Колку спие вашето бебе?
29.12.2009 22:17:58   
prusevic_bojana
Мина навечер спие точно 12 саати како швајцарски саат е.После бањање околу 18 часот пие млеко и заспива се буди кај 12 само јаде и одма заспива и после сабајле кај 6 станува и почнува денот со гугање.преку ден на саат ипол до два, дремнува по пола саат колку да е одмори.Инаку наполни четири месеци.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Колку спие вашето бебе?
29.12.2009 22:27:42   
pacuvce
Moeto bebe ima 4 i pol meseci i navistina kako da nemame bebe doma...Bidejki mojot prv sin bese mnogu zivo bebe i voopsto ne spiese,jas sega nemam cuvstvo kako da imam bebe doma...Si legnuva vo 21 h.,stanuva drugoto utro vo 9 h.Vo tekot na nokta mu davam tri pati da jade (se hranime so sise),megutoa toj voopsto ne se budi...Im posakuvam na site mamicki vakvo mirno i poslusno bebence...Ova mnogu mi pomaga,zatoa sto taka mozam da mu se posvetam i na mojot pogolem sin,koj odi na uciliste...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот prusevic_bojana)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Колку спие вашето бебе?
29.12.2009 22:35:42   
BEBICA
Monika do 5 mesec spiese odlicno se budese samo ednas vo tekot na nokta a spiese i po tri pati preku den.
Seto toa bese super se dodeka ne pocna od 5 mesec da se budi i po 10 pati vo tekot na nokta, a preku den i ponatamu si spiese po tri pati na den, do 8 mesec.
Posle toa dnevnoto spienje se namali na 2 pati na den, a preku nok povtorno ni bese veselo bukvalno znaese na saat vreme da se javi.
Posle godinata Monika dnevnoto spienje go namali na ednas dnevno a poleka pocna preku nok da spie od 21 do 7 ili 7:30  nautro.
Poslednive 2 meseca se iznaspav ko covek za prethodnite 7 meseci koi bea neprospani.
Sega Monika spie preku den do 2.5 casa a navecer ko top zaspiva do 21h i se budi do 7:30 najkasno.




_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Колку спие вашето бебе?
29.12.2009 23:01:09   
betpet
И ние ја имаме таа среќа да си спие навечер и да не се буди,со самото тоа и ние сме одморени.Во почетокот кога си дојдовме ја будев навечер за да јаде,ама таа бече поспана и само по малку јадеше.Така ја (измачував) еден месец кога престанав да ја будам за јадење па сега кога самата ке си се разбуди насабајле тогаш си јаде.Еве ја сега ја успива мајка и и потоа сме мирни до 07-08h кога јаде пa продолжува да спие до 10-11h
Ова последното го напиша таткото на Теодора.


_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Колку спие вашето бебе?
29.12.2009 23:03:02   
pacuvce
user posted image user posted image user posted image za tato na Teodora...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот betpet)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Колку спие вашето бебе?
29.12.2009 23:14:20   
Еца
user posted image за таткото на Теодора, нашата Бетпет има помош, секоја честuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Колку спие вашето бебе?
29.12.2009 23:33:22   
jovanka
Uste malku ke pravime 14 meseci ama preku den uste mu ostana spienje dva pati popladnevnoto zadolzitelno sonce pomegu 5-6 casot a utinskoto uste razlicno se zavisi od toa kolku sme izlezeni nadvor znaci kolku ke bidime aktivni.Noke se uste se budime za cicanje a stanuva nekade 7-7:30.Sega idat praznici taka da taa sema na spienje malku ke ni se promeni kako i kaj site ne robuvam na vremeto vo tolku da jade ,da se banja itn.sepak i tie se luge kako i nie dodeka se pomali grcevi toa pominuva pa zabcinja,jadelo-nejadelo,odime-neodime,vakcini,temperatura i da ne nabrojuvam.Znaci mamicki uzivajte vo sekoj mig so vaseto bebe i raduvajte mu se na negovoto rastenje.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Dali?
Jana9

Dali nekoj ako vi zgresi ili povredi ?

Ke mu prostite (0%)

Ke mu vratite vo ista mera (50%)

Ne se zamaram (50%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!