Felly RR
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: zzaa АПГАР тестот го развила д-р Вирџинија Апгар, познат анестезиолог, како начин за брза медицинска процена на состојбата на бебето. 60 секунди по раѓањето сестрата или докторот ги проценуваат Појавата (Appearance-изгледот), Пулсот (фрекфенцијата на срцева работа), Гримасата (рефлексниот израз на лицето), Активноста (мускулниот тонус), Респирацијата (дишењето). Оттаму и скратеницата АПГАР. На бебињата со збир меѓу 4 и 6 им е потребна реанимација- најчесто вшмукување на содржината од дишните патишта и примена на кислород. На оние со збир помал од 4 им се неопходни подрастични акции за спасување на животот. АПГАР-тестот се повторува и по 5 минути од раѓањето. Ако тогаш изнесува 7 или повеќе, изгледите за бебето се многу добри. Ако е понизок, значи дека е неопходно детето будно да се следи, но сеуште е многу веројатно дека ке му биде добро. Се гледаат и оценуваат со 2, 1 или 0 бодови, следниве параметри: 1.Боја на кожата како мерка на количината на кислородот во крвта. 2.Дишење. 3.Фреквенција и полност на пулсот, т.е. фреквенцијата на срцето. 4.Тонусот на мускулите 5.Рефлексната надразливот Бодовите добиени за секој од наведените параметри се собираат. Најголемиот број на бодови е десет (оптимално витално новородено), а најнискиот нула (тешко депримирано новородено). Децата кои во првата или петата минута имаат 8-10 бодови, немаат потреба од посебни мерки на згрижување. Децата со 4-7 бодови се сметаат за умерено депримирани во однос на виталните функции, а децата со 3 бодови или помалку се сметаат за тешко депримирани. Бодувањето по Апгар во првата и петата минута после раѓањето се користи за груба проценка на функцијата на мозокот, дишењето и крвотокот. Главната вредност на Апгар бодувањето е во можноста за брзото воочување на непосредната загрозеност на детето и потребата за интервенција. Меѓутоа веќе не се даваат долгорочни прогнози на темел на ова бодување. Се претпоставува дека единствено нискиот Апгар скор (0-3), повторен 10, 20 или повеќе минути после раѓањето, претставува голема веројатност за можна доцна појава на церебрална парализа. Каков беше апгар скорот кај вашите бебиња?Eва се роди со 8/9 апгар ИЗВОРНА ПОРАКА: Bilence2 Prviot sin bese 9/10, vtoriot sijn 9/9. Ubavi na majka, dvajcata spokojni, odmoreni i rozevi izlegoa:) so carski.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
|