|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Здрава исхрана
28.11.2009 11:05:03   
ripce
Дуња

Дуњата е погодна за правење на мармалад. Дури и самото име мармалад потекнува од португалскиот збор „marmelo“, што значи „дуња“.

Опис и потекло на дуњата
user posted image Дуњата потекнува од југозападна Азија, посебно од Персија и Анатолија, а самоникната се наоѓа и во средна Европа. Позната е под името „сидониска крушка“. Дрвото на дуњата може да израсне и до 7 метри во височина, а често расте во облик на грмушка. Плодот има форма на јаболко или крушка, со златножолта до црвена боја, прекриен со влакненца, кои лесно се вадат. Дуњата има пријатен мирис и киселкаст вкус. Оваа намирница била популарна кај старите Грци, кои ја приготвувале така што ја издлабувале, наполнувале со мед и ја печеле. Во грчката митологија, дуњата симболизирала љубов и среќа. Римјаните од дуњата добивале етерични масла, кои ги користеле во парфимериите. Во Франција, дуњата е позната веќе со столетија, а се користи не само за исхрана, туку и за козметички и медицински цели.
Енергетска и нутритивна вредност
Во 100 грама свежа дуња има 57 kcal / 238 kJ, од што 0,4% белковини, 0,1% масти, 15,3% јагленохидрати. Богата е со растителни влакна и бакар, а содржи и многу танински материи. Дуњата е богат извор на витамин Ц (15 mg, што е 18,8% од препорачаниот дневен внес). Содржи и бета кааротин и јаболкова кислеина. Поради присутниот пектин, од дуњата се приготвува вкусен мармалад и желе. Семките содржат слуз, 15% масла, протеини и малку амигдалин.
Лековитост на дуњата За лек се користат плодовите, листовите и семето од дуњата. Слузта од семето на дуњата (Mucilago Cydoniae) се прпрема со ставање на семето во вода, а се користи за лекување на рани настанати од долготрајното лежење на болните, за лекување на изгоретини, и како средство за облоги при воспалени очи и распукана кожа. Благодарение на слузта и пектинот, дуњата е многу добра за лекување на воспаленија на грлото и слузницата на крајниците и на дишните патишта. Слузта се користи, исто така, и во козмеетичката индустрија, за правење на лосиони и креми за кожа. При воспаленија на слузницата на желудникот и цревата се препорачува варена дуња, која ги ублажува јаките проливи. Плодовите на дуњата содржат слузави материи: пектин, масла, амигдалин, фосфорна киселина и витамин Ц. Дуњата е природен лек и за слабокрвноста. Сокот од дуња, сварен со еднаков дел на шеќер, е извонреден сируп против заболувања на дишните патишта и болестите на грлото. Бидејќи дуњата стега, се препорачува сируп од ова овошје за лекување на рани, а помага и при пролив.


(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Здрава исхрана
28.11.2009 11:11:46   
natasha
Dunjata ja koristam pri kaslica na decata,so toa sto vo vodata vo koja sto ke se vari dunjata,dodavam jatka od orevce,jabolce i kromid-seto oa dobro da zovrie i e mnogu efikasno za sopiranje na kaslica

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Здрава исхрана
28.11.2009 12:35:28   
mami
јас обожавам дуња, аи рецептава изгледа вкусно, а ако и делува тогаш супер...фала на информацијата наташаuser posted image user posted image

(Одговор на членот natasha)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Здрава исхрана
28.11.2009 12:41:30   
nadica
Dunjata ja koristam pri kaslica na decata,so toa sto vo vodata vo koja sto ke se vari dunjata,dodavam jatka od orevce,jabolce i kromid-seto oa dobro da zovrie i e mnogu efikasno za sopiranje na kaslica


нате јас сум многу буквалист и ми требаат претсизни мерки user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image за да го направам а морам бидејќи кашлам страшно поззз user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Здрава исхрана
5.12.2009 20:15:57   
ripce
Со здрава храна против депресијата

Истражувањето на британските научници од универзитетот во Лондон покажаа дека мрсната храна ја потикнува депресијата.

Ова истражување ни покажа дека конзумирањето на големи количини свежо овошје и зеленчук и риба може да ја спречи појавата на депресија.   

Во истражувањето учествувале две групи луѓе од кои едната група конзумирала природна, а другата индустриска храна. 

При тоа е установено дека кај онаа група која се хранела со природни намирници ризикот од запаѓање во депресија бил за 26 проценти понизок отколку кај оние луѓе кои се хранеле со индустриска храна. Ризикот од појава на депресија кај оние луѓе кои се хранат со индустриски намирници изнесувал цели 58 проценти.   

Авторите на истражувањето наведуваат дека оваа појава може да се објасни со големото присуство на антиоксиданси во овошјето и зеленчукот кој делуваат превентивно.

Покрај тоа, големите количини на полинезаситени масни киселини кои се содржат во рибата ја поттикнуваат мозочната активност и така делуваат превентивно против депресијата.   

Од друга страна пак уште едно британско истражување ја покажува врската помеѓу депресијата и „автобусот кој ни избегал пред нос“. Имено ова истражување покажува дека секојдневните ситни невољи кои ни се случуваат наоколу можат значително да влијаат на нашето расположение.   

Резултатите велат дека просечниот британец најмногу се нервира кога автобусот ќе му побегне „пред нос“. Втора иритирачка секојдневна случка е кога дождот ќе Ве фати неподготвени и без чадор, а третатата најчеста причина за нерасположение е казната за неправилно паркирање.   

Сите овие на прв поглед беззначајни незгоди собрани на куп можат да предизвикаат засилено лачење на хормонот на стрес и да предизвикаат депресија.



< Поракaта ја уредил ripce -- 5.12.2009 20:17:37 >

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Здрава исхрана
12.12.2009 11:14:06   
Bogdancanka
Јадете најмалку по две јаболка на ден

Јаболката и останатите продукти богати со растворливи влакна, попознати како пектин, многу помагаат во намалувањето на холестеролот. Француските истражувачи набљудувале група средовечни здрави мажи и жени во чија вообичаена исхрана додавале две до три јаболка дневно во текот на еден месец.

Резултатите биле дека ЛДЛ холестеролот се намалил кај 80 % на пациентите, а кај половина од нив повеќе од 10%. Исто така, дошло до зголемување на корисниот ХДЛ холестерол. Интересно е дека јаболката покажале подобар ефект кај жените, кај една од нив холестеролот се намалил дури за 30 отсто.

user posted image
Научниците ја испитувале масата богата со растителни влакна која останува по правењето сок од јаболка.

Од оваа маса направиле колачи кои им биле давани три пати дневно на мажи со зголемен холестерол. Кај 26 мажи со многу висок холестерол кои јаделе по три вакви колачи дневно, наместо обични колачи кои им ги давале на контролната група, холестеролот се намалил за просечно 7 отсто.

Секој колач содржел 15 грама влакна, количина која ја содржат 4 до 5 јаболка. Повеќето стручњаци сметаат дека пектинот е многу важна супстанца во процесот на намалување на холестеролот, иако и останатите состојки на јаболката имаат удел во тоа.







_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Здрава исхрана
12.12.2009 11:49:35   
ripce
Путер или маргарин? Што е поздраво?

Што мислите која намирница, со голема содржина на масти, убедливо го држи првото место по штетност за човечкиот организам? Дали е тоа чистата свинска маст, или можеби друг животински производ богат со масти? Одговорот можеби ќе ве изненади.

Првото место по штетност го држат намирниците богати со т.н. транс масни киселини, а тоа се цврстите маргарини и растителните масти. Сигурно се прашувате како е ова можно кога маргаринот до скоро беше славен како здрава и корисна намирница. Но, во меѓувреме завршени се бројни клинички студии кои недвосмислено покажале и докажале дека мастите од тврдите маргарини и растителните масти се два пати полоши од заситените масти. Зошто е тоа така можеме да видиме на примерот со холестеролот. Поедноставно кажано, постојат повеќе типови на холестерол од кои 2 се исклучително значајни за нашиот крвоток, а тоа сe HDL (популарно наречен „добар“ холестерол, кој го намалува ризикот од кардиоавскуларни заболувања) и LDL (популарно наречен „лош“ холестерол, кој го зголемува ризикот за кардиоваскуларни заболувања).

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Здрава исхрана
12.12.2009 11:50:34   
ripce
Погледнете ја таблицата во која се прикажани поедини видови на масти и како тие влијаат на нивото на холестеролот:
  • Мононезаситени масти (маслиново масло): го намалуваат нивото на LDL, а го зголемуваат нивото на HDL.
  • Полинезаситени масти (растителни масла): го намалуваат нивото на LDL, не делуваат на нивото на HDL.
  • Заситени масти (путер, маст): го зголемуваат нивото и на LDL и на HDL.
  • Транс масни киселини (маргарин, растителни масти): го зголемуваат LDL, а го намалуваат нивото на HDL.
Според ова, транс масните киселини кои се наоѓаат во тврдиот маргарин и во растителните масти не само што го зголемуваат нивото на „лошиот“ холестерол, туку го намалуваат и нивото на „ добриот“. Како воопшто дошло до тоа да една од најзастапените и најфалени намирници наеднаш дојде до еден вид на столб на срамот? Пред околу 100 години скоро и да не се знаело за болестите на срцето и крвните садови, додека денес тие се многу чести и се на врвот на листата на причинители на смрт. Што тргнало наопаку? Дали транс масните киселини се главна причина за порастот на кардиоваскуларните заболувања? Често поставувано прашање е: Кои масти се „опасни“, растителните или животинските, маргаринот или путерот, кои масла се подобри, а кои полоши? Имено, во седумдесетите години на 20-от век, путерот беше прогласен како главен виновник за настанувањето на атеросклерозата, а прехрамбената индустрија веднаш понуди алтернатива – маргарин. Царството на маргаринот како „здрава“, скоро идеална замена за путерот, траело цели 20 години, т.е. сè до сознанието дека во текот на неговиот технолошки производствен процес се создаваат потполно нови, за организмот непрепознатливи трансизомери. И тогаш улогите се замениле; путерот се почесто се враќа на трпезата (со умерено консумирање). А маргаринот?

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Здрава исхрана
12.12.2009 11:51:01   
ripce
Проблемот кај мастите ги создава хидрогенацијата Хидрогенација е постапка на стврднување на маслата (течни триглицериди). При оваа постапка, која се изведува при висока температура (260°C) и со катализатори (никел и платин), се додава водород. На тој начин настанува нова хемиска структура (хидрогенизирана маст) која на собна температура има тврда конзистензија. Просечно содржи 15-25% транс масни триглицериди во молекулата. Човечкиот организам неможе да ги препознае овие транс масни киселини и неповолно реагира на нив. Хидрогенизираната маст се користи за изработка на тврд маргарин, кој се пакува во коцки и се користи во домаќинството. Овој маргарин содржи најмногу транс масни триглицериди (19 - 49%). Печените производи од масно тесто се најбогати со транс масни киселини, па за жал, излегува дека, на пример вкусните и атрактивни кроасани, во поголеми количини се штетни. Храната пржена во фритеза е, исто така, богата со транс масни киселини. Маслата за готвење, кои дедлумно се хидрогенизирани, содржат 1-13% транс масни киселини. Значи, маргарниот не е единствена намирница со транс масни триглицериди. Сите намирици кои во себе содржат хидрогенизирани или делумно хидрогенизирани масти, имаат во себе повеќе или помалку транс масни киселини. Веднаш се поставува прашањето. Која е целта на хидрогенизацијата на мастите? хидрогенизацијата на мастите овозможува нивно подобро одржување (во однос на течните масла), полесно пакување и подобар вкус. Може ли хидрогенизацијата 100% да се контролира? По правило не може, бидејќи за тоа воглавно не постојат адекватни технички средства, поготово ако се штеди на скапи катализатори, ако осцилира работната температура Општо правило е: „Што е можно помалку вкупни масти“ и „Што помалку животински масти“ (поради количината на холестерол и заситени масти во нив).Општото правило неодамна доби уште еден додаток: „Што помалку транс масни киселини!

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Здрава исхрана
5.5.2010 22:59:50   
Bitolcanka
Овошјето што го јадете кажува кои сте
Сакате ли овошје? Миризливи порции со овошје, свежо овошје, сушено, замрзнато, слатко, божествено овошје? Дали исто така сте среќни, витални и креативни? Дали верувате дека овие работи се меѓусебно поврзани? Храната има поголемо влијание врз вашето размислување. Храната содржи симболично значење, што го открива вашиот карактер.

Овошје, еликсир на живот

Овошјето симболизира страст, плодност, богатство и среќа во животот. Љубителите на овошје создаваат нов живот, виталност, креативност со секој залак, што ги прави среќни, витални и креативни. Овие предности ги користат на работа, каде обично се успешни (само ако не се премногу мрзливи), а покрај ова, тие се пријатни и лојални партнери.

Секое овошје посебно истакнува различни особини на човечкиот карактер. Изберете го вашето омилено овошје и видете што тоа вели за вас:

Јагоди

Оние кои што сакаат јагоди се искрени во разговорот и добри слушатели, но им недостасува хумор во животот, што е причината поради која изгледаат сериозно. Мажите брзо се заљубуваат и влегуваат во врска, додека жените се понеодлучни и го бараат вистинскиот партнер подолго време.

Јаболки

Ако сте љубители на јаболки, вие веројатно се држите до старомодните животни идеи и сте брзи, агилни и полни со енергија кога станува збор за работа. Луѓето ве искористуваат бидејќи сте премногу добродушни и доверливи, и покрај тоа што се обидувате да се прикажете како самосвесна личност на површината. Прилично сте внимателни кога станува збор за љубовта и имате проблем при впуштањето во емоционална врска.

Праски

Оние кои што сакаат праски, имаат високи критериуми при селектирањето на пријатели, но штом ќе ги изберат, остануваат лојални. Тие имаат барања во љубовта, но се добри брачни партнери и одговорни родители. Ако бизнис светот им понуди можност да ги покажат своите способности и притоа им помага, можат да бидат многу успешни во својата професија.

Кајсии

Ако го сакате ова миризливо овошје, вие имате добро чувство за бизнис. Бидејќи сте многу дружељубиви и имате добри комуникациски способности, често се наоѓате на водечка позиција во група и секогаш сте опкружени со пријатели. Вашиот партнер секогаш го ставате на високо место во животот, поради што никогаш немате проблеми при пронаоѓањето на партнер.

Портокали

Портокалите прикажуваат скромни и трудољубиви личности. Иако се пасивни и разумни во љубовта, тие се вистински тигри во кревет. Имено, тие имаат многу силен сексуален инстинкт, но им поминува многу бргу.

Банани

Луѓето љубители на банани се трпеливи и упорни. Тие го покажуваат најдоброто во себе кога им се дадени тешки задачи и комплицирани проекти. Кога ќе го пронајдат вистинскиот партнер, лудо се вљубуваат и веруваат дека ќе трае вечно. Бидејќи се многу мили, тие се оние што создаваат пријатна фамилијарна атмосфера.

Вишни

Ако сакате вишни, вие сте многу внимателни и секојдневните обврски ги извршувате постепено. Бидејќи сте срамежливи и ви недостига чувство за хумор, вие сте премногу внимателни кога станува збор за љубовта.

Смокви

Смоквите им се омилени на импулсивните и тактичните луѓе, кои се препознатливи по одлична меморија и изразено либидо. Ним не им пречи длабока старост.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Здрава исхрана
5.5.2010 23:03:14   
Bitolcanka
Мојот опис е банана user posted image

user posted image

Луѓето љубители на банани се трпеливи и упорни. Тие го покажуваат најдоброто во себе кога им се дадени тешки задачи и комплицирани проекти. Кога ќе го пронајдат вистинскиот партнер, лудо се вљубуваат и веруваат дека ќе трае вечно. Бидејќи се многу мили, тие се оние што создаваат пријатна фамилијарна атмосфера.

Навистина ми погодиле user posted image

Кое е ваше омилено овошје? Што најмногу јадете?

< Поракaта ја уредил Maca25 -- 30.5.2011 10:08:42 >


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Здрава исхрана
5.5.2010 23:10:08   
ripce
Праски

Оние кои што сакаат праски, имаат високи критериуми при селектирањето на пријатели, но штом ќе ги изберат, остануваат лојални. Тие имаат барања во љубовта, но се добри брачни партнери и одговорни родители. Ако бизнис светот им понуди можност да ги покажат своите способности и притоа им помага, можат да бидат многу успешни во својата професија.


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Здрава исхрана
5.5.2010 23:21:34   
melody
Smokvi

Smokvite im se omileni na impulsivnite i takticnite luge,koi se prepoznatlivi po odlicna memorija i izrazeno libido.Nim ne im preci dlaboka starost.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Здрава исхрана
8.5.2010 23:31:27   
jovanka
Топ 10 супер прехранбени производи за перфектно здравје


Сите ние имаме свои омилени јадења, но и јадења кои само еднаш сме ги пробале во животот и веќе никогаш не сме помислиле на нив. Но, кога станува збор за тоа која храна треба да ја вклучиме во нашата диета, тогаш никогаш не се противиме.

Викендов одлучивме да ви ја понудиме листата на 10 супер намирници, кои едноставно мора да бидат вклучени во исхраната на луѓето. Добра вест е што многу од понудените намирници најверојатно се наоѓаат во вашата листа на омилени јадења.





1.Туна

Масните риби содржат омега 3 масни киселини кои помагаат да се намали нивото на холестерол во крвта, а го намалуваат и ризикот од срцеви заболувања.

Истражувањето сугерира дека омега 3 масните киселини исто така играат улога во спречувањето на хипертензијата, артритисот, Алцхајмеровата болест, депресијата, синдромот суво око, како и рак. Ова се болести од кои боледуваат многу луѓе ширум светот.

2. Јајца

Едно јајце во себе носи многу добрина. Јајцето научниците го категоризираат како функционална храна, односно храна која обезбедува здравствени придобивки надвор од своите прехранбени бенефиции.





3. Грав

Варен грав, тавче гравче, црн грав. Јадењето многу грав може да го намали ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, а помага и во спречувањето на рак, велат истражувачите. Ова главно се должи на фактот дека гравот е богат извор на антиоксиданси.





4. Какао

Еве малку и добри вести за луѓето кои што обожаваат чоколадо. Какаото го намалува ризикот од заболување на срцето и хипертензијата. Иако научниците велат дека треба да направат уште испитувања со цел да се открие целосно позитивното влијание на чоколадото врз здравјето на луѓето, тие препорачуваат секојдневно да јадеме по 10 грама квалитетно чоколадо.

5. Бразилски ореви

Бразилските ореви важат како совршен извор на протеини. Ова значи дека за разлика од останатите растенија кои имаат протеини, бразилските ореви ги содржат сите неопходни аминокиселини кои го поттикнуваат растот кај луѓето. На пр. производите од животинско потекло, како пилешко и говедско месо, не содржат толку протеини како бразилските ореви.





6. Лук

Лукот не е само одличен додаток во тестенините, туку тој нуди огромни здравствени придобивки поради својата антиоксидансна содржина.

Истражувањето покажа дека лукот може да помогне да се спречи срцевата болест, хипертензијата и ракот, а може да ја подобри и функцијата на белите дробови.

7. Јогурт

Јогуртот не само што содржи калциум за коските, туку тој е одличен извор и на пробиотици. Пробиотиците се микробиотиска храна која прави баланс на бактериите во организмот, а го јакне и здравјето.





8. Цитрон

Сигурно знаете дека цитроните се фантастичен извор на витамин Ц, исто како и лимоните, портокалите и грејпфрутот. Овие плодови се богати со витамини и играат голема улога во спречувањето на ракот.





9. Банани

Истражувањето покажа дека бананите имаат висок процент на калиум. Тие се одличен пример како може да се намали ризикот од мозочен удар.

Калиумот исто така игра важна улога во функционирањето на мускулите, срцето и нервите. Јадењето банани пред спиење може да помогне во цврстината на сонот, бидејќи бананите го зголемуваат нивото на серотин во крвта. Тие се добри за одржување на здравјето на цревата, а добри се и за зголемување на енергијата.

10. Малини

Малините се преполни со proanthocyanidins кои го намалуваат ризикот од срцев удар, а го подобруваат и здравјето на уринарниот тракт. Новото истражување исто така покажа дека џусот од малини е добар против гастроинтестиналните вируси.

Научниците препорачуваат да пиете 300 мл џус од малини секој ден со цел да ги почувствувате бенефициите.









_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Здрава исхрана
17.5.2010 0:55:59   
Bogdancanka
Мислете на своето здравје пред да го изгубите!


Здравата, природна и урамнотежена исхрана е услов за добро здравје и виталност. Па сепак не сме свесни дека храната што ја јадеме е само дел од целокупниот процес на исхрана. За да бидеме здрави и витални не е важно само што јадеме, туку и колку брзо јадеме и дали правилно ја вариме храната, дали нашиот организам ја апсорбира и, најважното, дали храната се асимилира, односно, дали клетката ја прифаќа и ја искористува.

Чудно е тоа што луѓето во најголем број случаи јадат обилни оброци, а сепак чувствуваат замор и страдаат од разни заболувања. Од друга страна, има и многу луѓе што јадат малку, а сепак имаат прекумерна телесна тежина. Причината е во тоа што половината од луѓето на Земјата денес, поради неправилниот начин на исхрана, јадат прекумерно а истовремено се потхранети, односно, клетката не ги добива сите неопходни хранливи материи за да може правилно да си ги извршува своите функции. Како резултат на тоа организмот почнува да покажува знаци на заболување. За да бидете здрави, цврсти и витални, клетката мора да се храни и да се чисти како што треба, за да може да оздрави и да се ревитализира.

Луѓето најчесто почнуваат да мислат на своето здравје дури тогаш кога нешто ќе тргне наопаку. Благодарение на неверојатната издржливост на човечкото тело, на повеќето сериозни заболувања како што се ракот и кардиоваскуларните болести им е потребно подолго време за да земат сериозен замав. За жал, во моментот кога ќе ги забележиме симптомите, може веќе да биде доцна да се преземе било што. За да ги избегнеме ваквите состојби, треба совреме да почнеме со оптимална исхрана, којашто е и превентива и лек.

Оптималната исхрана значи да се внесуваат малку масти, сол и шеќери што брзо се ослободуваат во организмот, а истовремено да се внесуваат обилни количества диететски влакна или фитонутриенси. Фитонутриенсите се наоѓаат пред сè во кората на разните видови овошје и зеленчук, а во помало количество ги има и во житариците и семките (ликопен – моќен антиоксиданс пронајден во црвениот пигмент на доматот, лутеин – каратеноид што се наоѓа во темнозелените зелечуци и во овошјето, посебно важен за видот, биофлавоноиди – антиоксиданси што дејствуваат заедно со витаминот Ц за да ја спречат појавата на оксидација на витамините, се наоѓаат во голем број овошја и зеленчуци како на пр. во кајсијата, боровницата, брокулата, портокалот, во лимонот…)

Клеточната исхрана на клетките во човечкото тело со сигурност им ги обезбедува сите важни хранливи и микрохранливи состојки.

Овој вид храна содржи хранливи и лековити билки. Луѓето веќе со илјадници години се лечат со лековити билки. А сега и вие можете во својата секојдневна исхрана да внесувате лековити билки потребни за подобро здравје, енергија и виталност.

Денес знаееме дека над 70% од болестите се предизвикани од лошата и неправилна исхрана. Долгорочно гледано, терапиите со диети и со земање лекарства се сосем погрешни!


< Поракaта ја уредил Maca25 -- 30.5.2011 10:10:25 >


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Здрава исхрана
8.6.2010 14:53:13   
tereza
На оваа тема ми треба по некое мислење,мајка ми има многу ограничен внес на храна,поради проблемите со желудникот суво никако не смее да јаде,пржено исто,зачинето,конзервирано...дури и одредено овошје и зеленчук не смее да ги јаде поради болката што и ја предизвикуваат во желудникот.Проблем и е за на работа бидејќи неможеш да си јадеш како дома оброк а намазите,павлаката и јогуртот ги има веќе премногу конзумирано така што се презасити од нив плус тоа само млечни продукти не е баш добро.
Ве молам дајте некој предлог,цел ден се мислам што да промени во исхраната,вака јаде на секои 2-3 часа,а јадењата се ограничениuser posted image

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Здрава исхрана
8.6.2010 17:16:10   
Rossana
10 продукти за кои мислите дека се здрави, а не се
  1. Житарици – житариците се промовирани како здрави и хранливи и се препорачуваат за намалување на телесната тежина. Доколу го прочитате составот на житариците ќе забележите дека тие се богати со шеќер и сол и дека витамините и минералите кои тие ги содржат се добиени по хемиски пат.
    Здрава алтернатива: за појадок - овес, млеко и банана; омлет со кромид и домати и слично.
  2. Колачи од овес – овие колачи се направени од овес и мешани зрнести плодови кои се здрави за јадење. Меѓутоа, оние кои можат да се набават во продавниците се мешани со сирупи како на пр. сирупот од пченка, кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Некои вакви колачи исто така содржат и чоколаден чипс кој ги прави исто толку “лоши” како и обичното чоколадо.
    Здрава алтернатива: домашно подготвени овесни колачиња.
  3. Овошни јогурти – кога на амбалажата ќе прочитате “без маснотии” не значи дека станува збор за здрава храна. Овие производи содржат шеќери, сирупи од пченка или вештачки засладувачи.
    Здрава алтернатива: обичен јогурт со парчиња од свежо овошје.
  4. Леб – лебот е достапен за сите и во исто време е вкусен, но не е толку здрав како што мислите. На одреден вид на леб ќе забележите да пишува дека е составен од цели пченични зрна. Ова не значи ништо посебно. И црниот леб исто така содржи сирупи од пченка и вештачки (заситени) масти, па со негово прекумерно конзумирање може навистина да се здебелите.
    Здрава алтернатива: намалете ја количината на леб во исхраната.
  5. Сендвичи – многу често на некои сендвичи ќе забележите “фитнес” или пак “со ниска масленост”. Ова не значи ништо бидејќи сендвичот содржи салата богата со шеќери, малку зеленчук и протеини и многу бел леб.
    Здрава алтернатива: подгответе си сендвичи дома.
  • Пакуван овошен сок – дури и 100% овошните сокови имаат шеќер како додаток, особено фруктоза. Вишокот на фруктоза предизвикува дебелеење, лош холестерол, лоша контрола врз апетитот и сл.
    Здрава алтернатива: пијте домашно подготвени сокови или јадете свежо овошје.
  • Спортски пијалоци – спортските пијалоци најчесто се промовираат како замена за електролити, јаглехидрати и сл. Меѓутоа вистината е дека се работи всушност за зашеќерена вода.
    Здрава алтернатива: пијте вода за време на вежбањето, протеини и јагле-хидрати после вежбањето.
  • Салати од ресторани за брза храна – станува збор за салата богата со шеќери, пржени лепчиња од рафинирано бело брашно или бели тестенини. Понекогаш, подобро е дури да нарачате двоен чизбургер отколку пилешка салата.
    Здрава алтернатива: сами подгответе си свежа салата.
  • Замрзнати оброци. Нема ништо лошо во замрзнатиот зеленчук или овошје. Но, на замрзнатите оброци често може да се забележи “со ниска масленост” или “здрава храна”. Вистината е дека станува збор за преработена храна, богата со шеќери и натриум. Ве советуваме да избегнувате замрзната храна.
    Здрава алтернатива: гответе ги своите оброци за тековнот ден, навечер или наутро.
  • Диетални газирани пијалоци – диеталната сода содржи вештачки засладувачи како што на пример е контроверзниот аспартман (метил хемиско соединение добиено од природни амино киселини). Проверете колку се здрави овие вештачки засладувачи и одлучете сами дали ќе ризикувате.
    Здрава алтернатива: вода, вода со исцеден лимон, зелен чај.


    < Поракaта ја уредил Maca25 -- 30.5.2011 10:11:35 >

    (Одговор на членот tereza)
  • Непосредна врска до пораките: 42
       RE: Здрава исхрана
    10.8.2010 22:37:36   
    Julie1
    Што подразбирате под здрава исхрана? Има некој на РР кој навистина внимава на здрава исхрана и кој ќе ни каже како излгеда неговата исхрана во тек на еден ден... кои намирници се застапени и слично?

    _____________________________

    And this is my beautiful life ...

    (Одговор на членот Rossana)
    Непосредна врска до пораките: 43
       RE: Здрава исхрана
    10.8.2010 23:01:57   
    Maca25
    Јас на пр. практикувам секогаш да појадувам овошје, затоа што овошјето е чистач ма организмот. Пред да се напијам кафе, секогаш јадам или праска, банана, слива. Истото го применувам кај нина. Откако почнавме со храна (од 6 месеци) до сега на нина прв оборок и е овошје. Исто така не готвам со многу масло, може само една капка, не ставам многу сол во јадењето и јадам многу салата и супи.

    _____________________________

    To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

    (Одговор на членот Julie1)
    Непосредна врска до пораките: 44
       RE: Здрава исхрана
    30.5.2011 10:33:01   
    Maca25
    Здрави намирници и нивна употреба

    1. Аспарагус

    user posted image
    Употреба:- проблеми со бубрези и мочни патиштаПоготовка:- се вари во вода и се пие
    2. Босилек
    user posted image
    Употреба:- настинки, грип- грчеви- проблеми со мочен меурПодготовка:- се додава свежа тревка или семе во зовриена вода и од тоа се прави чај - за мигрена и за мирен сон- како сретство за плакнење при габична инфекција- за гаргара и плакнење на устата при кандида- Бремените жени треба да избегнуваат лекови на база на босилек.

    3. Биберuser posted image
    Употреба:- да се користи во првите знаци на некоја болест- намалува забоболка- ја намалува температурата
    4. Целер
    user posted image
    Употреба:- како седатив- семето и дршката намалуваат хипертензија- чајот од семе на целер се користи како прочистувач на бубрези
    5. Камилица
    user posted image
    Употреба:
    - за намалување на температура и смирување на деца
    6. Цимет
    user posted image
    Употреба:- пролив- дезинтерија- габична инфекција- настинкаПодготовка:- цимет со млеко е добар за баланс после обилен ручек или десерт- се варат 8-10 стапчиња со 4 чаши вода, се остава да врие 5 мин., потоа се остава 45 мин. , а потоа употребете го како сретство за туширање.





    _____________________________

    To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

    (Одговор на членот Maca25)
    Непосредна врска до пораките: 45
       RE: Здрава исхрана
    30.5.2011 12:13:38   
    Olivia
    Veke podolgo vreme se pridrzuvam na zdrava i pravilna ishrana(no sum voedno i vegeterijanec no vnesuvam mlecni proizvodi i vnimavam da gi vnesam potrebnite proteini i hrana bogata so zelezo) i ishodot e neverojaten se cusvuvam poenergicno, pokraj toa sto gi izgubiv visokot kilogrami sega ziveam vo zdravo, lesno i aktivno telo i podobrena koncentracija, denot go zapocnuvam so sezonsko ovosje i dve ili 3 suvi modri slivi i pomalku od polovina raka dehidrirana brusnica,ne mnogu cesto so dopolnitelen obrok musli ili granola so jogurt ili soino mleko, rucekot se sostoi vo izobilstvo na salati od sezonskiot zelencuk mnogu cesto i brokula i spanjak, no proprateno so variva ili supi od zelencuk domasno zgotveni bez ili so mnogu malku sol i koristam zasini kako turmerik(safran),bosilek, koriander,nane bel i crn biber beliot leb go zameniv so crn no sekako mnogu vnimatelno i so nego,sokovi ne pijam osven sto vo blender ili cedilnik si pravam sama od svezo ovosje bez dodatok na seker, gricki pomegu obroci mnogu retko i toa bi bilo nepeceni bademi ili semki od tikva isto ne peceni no ne da se pretera ke napomenam bidejki izostanuvam od konsumacija na meso mojot organizam ima potreba od vakvi zdravi masti i proteini,vo gotvenjeto koristam iskljucivo maslinovo maslo samo koga e neophodno,vecerata se sostoi mal del od ostatokot od rucekot ili pak toa e varen ili svez zelencuk najcesto morkovi, vo tekot na celiot den mnogu voda i caevi . Probajte!


    _____________________________

    "Trust takes years to build , only seconds to break , and forever to repair"

    (Одговор на членот Maca25)
    Непосредна врска до пораките: 46
       RE: Здрава исхрана
    2.6.2011 0:20:21   
    Maca25
    Намалете го холестеролот со чај од цимет

    Циметот содржи состојки кои му помагаат на инсулинот да ја доведе гликозата до клетките на кои им е потребна.

    Телото на природен начин станува осетливо на инсулин и го прифаќа, а позитивно е и тоа што нема да ви бидат потребни лекови.
    Во едно клиничко испитување биле вклучени 6 пациенти со дијабетис тип 2. Тие во текот на 40 дена конзумирале една од шест грама цимет во исхраната. Освен што конзумирале циметов прав, испитаниците не го смениле својот режим на исхрана.
    На крајот на истражувањето, истражувачите откриле дека нивото на гликоза во крвта се намaлило помеѓу 18 и 29%. Исто така, кај испитаниците се намлило и нивото на “лошиот” холестерол во крвта за 7%, додека кај некои испитаници тој се намалил дури за 27%.

    Како да направите чај од цимет?
    Припремете го дома овој ароматичен напиток и држете го холестеролот и гликозата по контрола. Уживајте во вкусот на чајот од цимет два пати дневно.

    Пола лажичка мелен цимет и четврт лажичка трикату (мешавина од 3 зачини – ѓумбир, црн бибер и долг бибер)  прелијте ги со топла вода. Оставете го чајот да отстои 5 минути, исцедете го и заскадете го со мед.

    < Поракaта ја уредил Maca25 -- 2.6.2011 0:21:14 >


    _____________________________

    To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

    (Одговор на членот Olivia)
    Непосредна врска до пораките: 47
       RE: Здрава исхрана
    26.3.2014 10:55:15   
    Felly RR
    Неодамна на интернет прочитав за пченичната трева - таа е моќен детоксификатор, го зголемува бројот на црвени крцни зрнца и ја прочистува крвта, ги неутрализира токсините. Миана во темата за Велигден ме поттикна да пишам. user posted image Ама не знам дали оваа велигденскава пченица што си ја садиме дома може некако да се искористи.

    _____________________________

    Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

    (Одговор на членот Maca25)
    Непосредна врска до пораките: 48
       RE: Здрава исхрана
    15.12.2014 10:53:26   
    Melanija RR
    ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla
    Еве за Лененото масло една убава статија од мигусто.

    Маслото од ленено семе се состои од една третина масло, додека остатокот се протеини, влакна и растителен лепак. Ова масло е богат извор на основните масни киселини, односно содржи алфа-линоленска киселина, омега 3 и омега 6 киселини (овие 3 киселини се означуваат со едно име – ЕФА). Но она што го прави ова масло навистина посебно е фактот што во маслото од ленено семе, овие три киселини се правилно распоредени.

    Голем број на луѓе обично имаат недостаток од 3-те ЕФА киселини, па лененовото масло е одличен суплемент во таквите случаи. На ќелиите во човечкиот организам им се потребни омега 3 масните киселини, бидејќи од нив ги градат мембраните кои ги заштитуваат. Човечкиот мозок главно се состои од маснотии наречени фосфолипиди, кои се прават од масните киселини. Затоа, овие три масни киселини се од клучно значење за функционирањето и составот на мозокот, и делуваат на подобрување на помнењето, расположението, концентрацијата и моќта за перцепција.

    Истражувањата покажуваат дека голем број диети не содржат во себе доволна количина на Омега 3 масни киселини, а тоа може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Имено,

    Срцеви болести – Омега 3 помага во намалувањето на холестеролот, крвниот притисок, и срцева аритмија.

    Артритис – Истражувањата покажуваат дека маслата кои се богати со Омега 3 (како маслото од ленено семе) кај пациентите можат да ја намалат потребата за земање на лекови

    Рак – Докажано е дека Омега 3 киселините уништуваат одредени ќелии на рак, без да ги уништуваат здравите и нормални ќелии.

    Проблеми со кожата – Омега 3 киселините значително делуваат во превенција на проблемите со кожата како акни, а исто така придонесуваат за намалување на стресот и штетните последици од него.

    Маслото од ленено семе е добро за здравјето

    Ленот во себе содржи 12% растителен лепак, што го прави лесен и природен лаксатив. Затоа, семето од лен е совршено за оние кои имаат чувствителен стомак.

    – Маслото од ленено семе служи како заштитиник од стомачните киселини

    – Ги смирува чиревите и другите пореметувања на цревата

    – Ги преработува и апсорбира токсините

    – Го спречува развојот на токсини во цревата

    Маслото од ленено семе исто така содржи и лигнини кои имаат анти-вирусно и анти-бактериско дејство. Семето од лен во себе исто така содржи и лекитин, кој го топи салото и го намалува холестеролот. Од другите состојки на лененовото масло веќе ги спомнавме влакната, протеините, витамините и минералите. Во продолжение следуваат малку повеќе информации за секоја од овие состојки.

    Влакна – Маслото од ленено семе содржи топливи и нетопливи влакна, кои исто така во себе имаат растителен лепак. Влакната во маслото го чистат дебелото црево од токсични материи, измет и сува слуз. Овие влакна се и одлична храна за добрите бактерии во организмот, кои ја спречуваат појавата и ширењето на болести.

    Протеини – Во 100 г ленено семе има околу 25 г протеини. Овие протеини лесно се варат и ги содржат сите амино-киселини кои му се потребни на организмот.

    Лигнини - Лигнините делуваат во борбата против ракот, а имаат и анти-вирусни и анти-бактериски својства. Во ленот има од 75% до 800% повеќе лигнин отколку во било кое друго овошје или зеленчук. Лигнинот е и антиоксидант кој го спречува апсорбирањето на холестеролот од мрсната храна.

    Основни масни киселини – Маслото од ленено семе ги содржи трите основни масни киселини: алфа-линоленска киселина, омега 3 и омега 6 масните киселини. Алфа-линоленската киселина е особена важна за луѓе кои се занимаваат со бодибилдинг бидејќи ја зголемува чувствителноста на мускулните ќелии на инсулин. За предностите на Омега 3 веќе зборувавме погоре.

    Користење на маслото од ленено семе

    Кај нас можете да купите и масло од ленено семе и семе. Ако се решите за масло, задолжително чувајте го во фрижидер, бидејќи инаку лесно оксидира, а тоа доведува до ослободување на слободни радикали. Исто така, купувајте лененово семе во црни и помали шишенца бидејќи има краток рок на траење (до 3 месеци).




    _____________________________

    3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
    3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
    user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

    (Одговор на членот Felly RR)
    Непосредна врска до пораките: 49
    Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2]
    Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
    Оди на:






    Анкета

    Пелени.
    пеперутка16

    Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?