Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Движење на очињата и ритам на дишење кај ново... 27.5.2013 15:19:21
Sonce_moe
Здраво мамички. Барав по нетов и не успеав да најдам инфо на оваа тема. Јас имам старо 22 дена она што ме интересира и на некој начин ме загрижува се движењата на неговите очиња. Знам дека е нормално да ги движи брзо, но ме итресира според вашите искуства дали е нормално да ги отвара во спиење па дури и да спие со подотворени очи? Исто за дишењето малку ми е нејасно, додека спие а и кога е буден кога зема воздух се слуша звук како ептен длабоко да зема воздух. Дали е тоа нормална бебешка реакција кај дишењето или пак станува збор за не дај Боже проблем... ?
< Поракaта ја уредил sandriana RR -- 29.5.2013 11:45:41 >
RE: Очињата и дишењето кај бебето 27.5.2013 17:07:13
Bethany
Сонце мое, за бебиња е нормално да дишат така забрзано и длабоко, а за очиња не ми текнува, ама мислам дека и нас ни се случуваше да му бидат како подотворени очите додека спие. Тоа додека беше така мало бебе, после тоа го снема.
RE: Очињата и дишењето кај бебето 27.5.2013 18:27:52
Maca25
Нормална работа сонце_мое. Ама добро е што си праша, да не му се тресеш и мислиш многу. Јас дури и се чудев зошто толку бавно ги движи очињата на моменти, на моменти брзо, се прашував секој ден дали е тоа нормално, дали е нормално што спие со подотворени очи и дали е нормално тоа додека спие за секунда да престане да диши, па после забрзано да диши....стресови и прашања еден куп. И мајка ми нон стоп ја прашував и матичната мислам дека ја отеков, се додека погледот на детево не му се избистри и заличи на човече
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
RE: Очињата и дишењето кај бебето 28.5.2013 14:59:18
Sonce_moe
Токму така, сега сум цела во прашалници и за се нешто се распрашувам. Читав мноогу во текот на бременоста се информирав ама сепак има некои работи кои ми се нејасни сеуште, а претпосавувам дека ќе има уште вакви моменти со секој иминат месец.
RE: Движење на очињата и ритам на дишење кај ... 14.8.2013 21:31:41
Felly RR
Здраво и до тебе Анастасија!!! Добредојде на Рингераја, за твоето прашање мислам дека е сосема нормално да го подига градниот кош. Кога вдишуваме градниот кош се шири и се подига, затоа не гледам ништо необично во тоа. ТУКА има и една статија која може ќе ти помогне повеќе околу твоето прашање.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
Во свет каде сe почесто се бара униформност: сличен изглед, иста амбиц...
Анкета
Гушкајте ги бебињата. пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?