Еца
|
До овие компликации доаѓа кога матката не се собира нормално, па се задржува крвта во неа и кога згрутчената крв го блокира излезот. Собраната крв ја зголемува болката, предизвикува грчеви и тешкотии. Понекогеш е можно да се истисне згуснатата крв со силно притиснување директно над матката, а ако ова не успее се извршува аспирација. Денес бев на прв гинеколошки преглед после породувањето. Поминаа 40 дена и викам ајде да појдам да се прегледа и да направам еден пап по породувањето. И... Кога докторот ме прегледа со вагинално ехо, има што да види, матката полна крв, среќа што сум отишла на преглед. Веднаш ми препиша три инекции синтоцинон и антибиотик. Малку сум исплашена, но што е тука е. Дали некој од вас имал вакво искуство? Инаку не приметив некои други симптоми освен силни главоболки последните денови и од време на време нагон за повраќање. Исто така морам хитно да ставам мидер и тоа два броја помал за да ме стегне силно.Треба да се носи преку ден, а ноќе да се вади.
< Поракaта ја уредил Elena -- 2.9.2009 20:22:42 >
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
|