Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Стерилизација на приборот за бебе 19.2.2013 18:03:31
Ikana
Во ДМ дрогериите имаш специјален сјај за садови бебешки на НУК. А зошто уште ги превриваш? Не се препорачуваат средства против бигор, освен неколку капки лимон или оцет во водата која ги вариш. Не знам колку месеци имате, ама после 6 месеци слободно можеш со врела вода од чешма и со бебешки сјај да ги миеш, а имаме тука и мајки кои од прв ден само со врела вода и сјај ги мијат садовите бебешки. И те молам не ставај средства против бигор во водата тоа е исто ко со прашак за перење или пулирапид да си му ги измила садовите на бебето Капка оцет или лимон, запамти!!!!
< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 19.2.2013 18:08:08 >
RE: Стерилизација на приборот за бебе 26.9.2015 12:21:15
Felly RR
Ние немаме многу прибор, сега за сега, само едно шишенце за чај, и две цуцули лажливки. Ги превривам на неколку дена, и добро што ја отворив темава, да се потсетам за бигорот зошто скрос побелени ги вадам. Оцетот може било каков, или најдобро јаболков? И треба уште на почеток да ставам, или кога ќе зоврие водата да капнам?
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Стерилизација на приборот за бебе 26.9.2015 15:00:27
deluxe
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
Ние немаме многу прибор, сега за сега, само едно шишенце за чај, и две цуцули лажливки. Ги превривам на неколку дена, и добро што ја отворив темава, да се потсетам за бигорот зошто скрос побелени ги вадам. Оцетот може било каков, или најдобро јаболков? И треба уште на почеток да ставам, или кога ќе зоврие водата да капнам?
FellyRR mozes na pocetokot da stavis nekolku kapki alkoholen ocet(bel) ili nekolku kapki sok of limon.Jas koristev limon,bidejki doma ne koristime alkoholen ocet,so vinski mislam deka nema efekt....Zatoa zamena ti e limonot.
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “