|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Митови за машката сексуалност
16.12.2009 11:28:59   
profesorica
Мажите секогаш се расположени за секс

Мажите не се роботи кои секоја минута од своето време мислат на секс. Како и другите смртници и тие се грижат, се под стрес и може да се случи да не сакаат да имаат однос со партнерката. Тоа не значи дека загубиле интерес, туку дека се уморни.

Мажите никогаш не глумат задоволство

Грешка. Можеби жените повеќе пати глумат оргазам но дури 47 отсто од мажите доживуваат оргазам за време на вагиналната пенетрација а само 3 отсто признаваат дека не доживеале оргазам за време на сексуален однос.

Ејакулацијата значи оргазам

Уште еден мит. Ејакулацијата и оргазмот не секогаш се случуваат во исто време. Некои мажи доживуваат оргазам без да ејакулираат (сув оргазам).

Мажите сакаат да ја прескокнат предиграта

Понекогаш и двата партнера сакаат да дојдат до сексуалниот чин што е можно побрзо. Сепак тоа не значи дека мажите не сакаат предигра. Напротив предиграта ги опушта и го оттргнува вниманието од тоа дали ќе бидат добри или не.

Потфрлувањето во кревет се јавува како резултат на недостаток на желба за жената.

Жените најчесто донесуваат пребрзи заклучоци кога станува збор за овој проблем. Но вистината е дека проблемот со ерекцијата може ад настане како резултат на стрес, замор или некој медицински проблем.

Мажите сакаат жени со совршено тело

Да, мажите превртуваат очи кога гледаат фотографии од елитни манекенки со совршени тела, но тие не се глупави, бидејќи знаат дека тие жени не се вистински. Можеби затоа мажите најчесто велат дека сакаат нормална девојка , без разлика какво е нејзиното тело.


Мажите не се романтични

Некои се, некои не се. Но се зависи од мажот и од неговиот карактер. Чувствителните момци во последно време се во тренд, па затоа многу мажи стануваат се по романтични

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Митови за машката сексуалност
16.12.2009 14:34:31   
profesorica
значи????
да чујам односно читам коментари???

срушени се вистините околу машката сексуалност или не???

што мислите???


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Митови за машката сексуалност
18.12.2009 23:29:31   
Боцко
Еве, од мој агол:

Мажите секогаш се расположени за секс
Погрешно. Особено по тежок и стресен ден баш и не би ме релаксирало.

Мажите никогаш не глумат задоволство
Делумно точно. Мажите не можат да сокријат недостиг на задоволство, глумата тешко е изведлива, барем мене не ми оди, што не значи дека некој не може.

Ејакулацијата значи оргазам
Делумно точно. Најчесто значи оргазам. Сувиот оргазам е тантричка техника која се постигнува по долго и напорно вежбање. Кој денес има време за тоа?

Мажите сакаат да ја прескокнат предиграта
Точно. Предигра може, но не мора. Но, со оглед на уважување на потребите на партнерката, мажите посветуваат внимние на предиграта.

Потфрлувањето во кревет се јавува како резултат на недостаток на желба за жената.
Погрешно. Жените го сфаќаат тоа премногу лично. Најчесто причината е од сосема друга природа.

Мажите сакаат жени со совршено тело
Делумно точно. Совршените жени само го подгреваат освојувачкиот жар. Сите знаеме дека тие се производ на Photoshop.


Мажите не се романтични
Грешка. Длабоко во себе секој маж е романтичен. Причината е во воспитувањето да се кријат чувствата. За среќе, денес тоа не е така, па се повеќе мажи им ја откриаат на жените својата вистинска природа.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Митови за машката сексуалност
18.12.2009 23:38:17   
Anushka
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
а Боцко, дали  вистина дека мажот може да биде со жена и толку. Без никакво размислување на тоа повторно, без емоции, без навраќања. Туку само чиста физика и самодокажување, да продолжи да си ја сака својата партнерка совршено исто како пред тоа?

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Митови за машката сексуалност
18.12.2009 23:54:18   
Боцко
јас не можам. знам други кои можат, ама тоа ми е лицемерно. не би можел себеси да се погледнам, а камо ли неа.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Митови за машката сексуалност
18.12.2009 23:58:34   
Anushka
е Боцко, нели? Токму и јас  на тоа мислев. Ама, пак неможам да сфатам....
Ти благодарам на исцпниот одговор.

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Митови за машката сексуалност
18.1.2010 9:35:32   
Bogdancanka
еве пошто имаме тема Митови за машката сексуалност,ќе се надоврзам со тема срушени митови за мажите....
Сигурно до сега сте чуле едно чудо митови за мажите, почнувајќи од оној дека честото бричење ја згуснува брадата, а завршувајќи со оној дека мажите не можат да добијат рак на градите. За среќа, за секој мит постои и логично објаснување кое во потполност го разрушува. Следат 14 најпопуларни митови и вистината која лежи од спротивната страна:

1. Честото бричење ја згуснува брадата?
Иако многумина мажи се колнат оти ова е вистина, едноставно не е. Густината на брадата зависи од една и само една работа - гените. Иако кога брадата ќе потпорасне по бричењето е потврда, тоа не значи дека е згусната. Сето тоа се должи на фактот што со бричењето ги скратувате тенките и меки врвови на влакната. Дерматолозите без каков и да е сомнеж докажаа оти овој мит не држи вода.

2. Носењето тесна долна облека може да предизвика стерилитет?
Потеклото на овој мит е сосема јасно. Докторите им препорачуваат на мажите кои имаат проблеми со плодноста да избегнуваат џакузи и носење тесна долна облека, препорачувајќи боксерки. Доколку сте здрави и немате проблеми со плодноста, видот на долната облека нема да ве направи стерилен.

3. Пиењето пиво предизвикува пивски стомак?
Секако, пиењето пиво може да придонесе да создадете пивски стомак, доколку исхраната ви е прилично лоша и избегнувате секакви форми на вежбање. Пивото е висококалорично, но не содржи некоја особено „злобна“ состојка што ќе ви подари зголемен стомак. Вистината е оти можете да си создадете пивски стомак без да испиете ни едно пиво... само што нема да ви биде подеднакво забавно.

4. Ќелавоста доаѓа од страната на мајката или од носењето капи?
Повторно, единствениот виновник за ќелавоста е генетиката. Ќелавоста може да дојде и од мајката и од таткото, може да прескокне генерации, да се појави кога најмалку ја очекувате. Не постои некој особен шаблон според кој се појавува. Исто така, носењето капи нема врска со неа, освен доколку капите хируршки не ги всадувате во скалпот. Наместо да барате виновници, најдобро е да се соочите со неа... само без пречешлување.

5. Големината на пенисот се мери според чевлите или дланката?
Ова е еден од оние митови што одбиваат да исчезнат со години наназад. Многумина се колнат дека е вистина, но фактот стои дека понекогаш, должината на пенисот можеби ќе е приближна со раздалеченоста на малиот прст и показалецот (под определен агол) - но тоа е само коинциденција. А, ако се обидувате да споредувате со големината на чевлите... најверојатно се местите за големо разочарување.

6. Врвот на машката сексуалност е на 18 години?
Потеклото на овој мит доаѓа од фактот што на 18 години нивоата на тестостерон се највисоки. Но, не постои директна врска помеѓу тие нивоа и функционалната сексуалност кај мажите

7. Премногу мастурбирање е штетно
Од физички аспект, не е теоретски возможно некој да мастурбира толку многу што тоа ќе стане премногу. Од психолошки аспект, социјалната алиенација како последица на мастурбацијата... тоа е веќе друга приказна.

8. Зачинета храна или жестоки пијалоци ќе го забрзаат растењето влакна на градите

И самата формулација на овој мит е смешна, но постојат луѓе кои се убедени во неговата веродостојност. Единственото нешто што може да го забрза растењето на влакната на градите е повторно генетиката.

9. Мажите помислуваат на секс секои 7 секунди
Веројатно на секои 7 секунди некоја жена во некој бар го цитира токму овој мит. Но попусто! Истиот нема никаква научна основа и веројатно бил измислен од некој пијан маж кој сакал да импресионира некого со познавањето на „статистиката“.


10. Антипреспирантите предизвикуваат рак на градите кај мажи
Овој мит е со потекло од школските клупи и е нешто што се провлекува кај мажите и во нивната рана зрелост. Истражувањата покажале оти жените кои редовни се бричат под мишките и користат стикови имаат благо зголемен ризик од рак на градите, но кај мажите, не постои ниту 1 спрема милон шанса за такво нешто!

11. Зјапањето во големи гради може да ви донесе долговечност
Всушност, можете да зјапате и во порнографија по цели денови, но тоа нема да ви помогне да живеете ниту еден ден подолго отколку што ќе живеете и без тоа.

12. Просечната должина на пенисот е 17,5 сантиметри
Овој мит е толку раширен што речиси се зема како статистички факт. Но, сепак е невистинит. Статистиката вели оти просечната должина на пенисот во ерекција е помеѓу 10 и 15 сантиметри. Се чувствувате како Супермен во моментов, нели?

13. Имањето многу секс може да ви ја намала способноста за спортска активност
Овој мит веќе се граничи со суеверие, но некои и натаму буквално го сфаќаат. Факт е дека сексот ги намалува стресот, нетрпеливоста и агресијата, но тоа важи за кусо време веднаш по актот и воопшто нема врска со спортските перформанси. Ако станувањето посреќен и понасмеан ви пречи со способноста да постигнете поен, тогаш можеби имате други проблеми, меѓу кои не спаѓа сексот.

14. Мажите не можат да добијат рак на градите
Сосема неточно. Ракот на гради се јавува и кај мажи, иако шансите се далеку помали. Но, не треба редовно да се проверувате, зашто мала е веројатноста да не го забележите.





_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 7
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Дали?
Jana9

Дали играте наградни игри?

ДА (20%)

Не (40%)

Понекогаш (40%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!