LoveableMe RR
		   
		
		   
		  
		   
		 | 
	  
		
		
		 Девојки наполно се разбираме, сите кои го поминуваме ова, знаеме  што зборуваме и секоја од нас ќе се најде во постовите од некоја од рингерајките. Старите викаат "сититио гладниот не го верува" и кој не поминал низ овој трнлив пат нема да разбере. Нормално е да постои лутина зошто кај другите има, а кај нас нема.      Она што мене ме налути досега е пак обратното, имав пријателки кои кога беа бремени, избегаваа да се дружат со ние што не сме, дури тогаш и не бев во брак, да не им наштетиме некако, бре бре. Баш во тој период и досега воопшто не бев завидлива или љубормона, викав кога имаат другите ќе имам и јас...таман работа. И баш ми беше нејасно зошто така се штитат и не избегнуваат....мислам дека никогаш така не би правела, кај е Господ никој не е, таман работа дека пријателка може да ми наштети за бременоста....но ете се има меѓу народот.      После ова мое ИВФ, малку ми е потешко да се дружам со пријатели кои имаат деца, но не заради тоа што им љубоморам, туку зошто психички сум уморна од она што пројдов, па немам енергија, а со дечињата обично си играм кога ќе се видиме, им правам смешки, цртам со нив играм игри, а сега немам сила, ќе ми треба еден период да ја соберам....      Е затоа девојки паталци се разбираме зошто не сме гаталци и сме осетиле на наша кожа како е. Тие што се чувствувате немоќно во моментот, нормално е и не се чувствувајте виновни, фаза е, мора да помине.. поззз    
			
								
			
			 
  _____________________________
  Обиди: 5,5 години   2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати   Верувај во чуда! 
				  	
		  
		  
		  
		 |