Anushka
|
Здраво Бети М, Јас сум мајка на три, сите со царски. Немаш никаква причина да размислуваш. Јас најубаво си поминав со третиот пороѓај. Се си знаев на памет ха, ха Сепак, секоја бременост, а со тоа и пораѓање е засебна приказна. Најбитни се позитивните мисли и свесноста дека се оди во болница „под нож“ за убава работа, а не да се паничи. Еве ти пример дека нема правила: Кога го родив првото дете, имав 22 години. После тоа раната ме болеше и трнеше се` до следниот пороѓај, по две години. Тогаш се чувствував подобро, но по една година, почнаа од раната да ми излегуваат конци кои заборавиле да ми ги извадат (?! ). Третото го родив пред 11 месеци, на свои 40 години! Не само што ништо не ми е, туку актвино продолжив да тренирам аеробик и да си правам стомачни без проблем. Биди оптимистична, игнорирај ги болките и радувај се на скората средба со новото бебе!
|