|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Вистини и заблуди за исхраната
25.1.2010 12:01:54   
BEBICA
Ако нешто има помалку масти, можам да изедам повеќе. ЗАБЛУДА
Мастите во храната се само половина од приказната. Причината за тоа е што храната со помалку масти сè уште може да се разликува во есенцијалните нутритиенти или, пак, да содржи повеќе шеќери, па затоа нејзината вредност во килоџули, односно количеството енергија што храната ја содржи може да биде повисоко отколку што сте очекувале.


Камената сол е поздрава од обичната сол. ЗАБЛУДА
Нема разлики меѓу овие два вида сол, освен нивното име и фактот што може да имаат различни големини на кристалите. Двете може да имаат ист резултат во вашето тело. Премногу сол може да влијае врз здравјето на вашето срце, па добро е да се користи умерено. Голем дел од солта што ја консумираме доаѓа од произведената храна како што се лебот и грицките, затоа и не треба да ја додаваме.


Адитивите во храната се штетни. ЗАБЛУДА
Мал број луѓе реагираат на некои адитиви во храната, но поради тоа не се штетни за сите. Поточно, адитивите во храната имаат многу значајна улога. Даваат структура, додаваат вкус, ја одржуваат храната свежа, го подобруваат изгледот и составот и помагаат во одржувањето на квалитетот. На пример, антиоксидансите што се додаваат на маслото за јадење го спречуваат неговото расипување.


Зелениот лисест зеленчук е добар извор на калциум. ЗАБЛУДА
Зелениот лисест зеленчук ги црпи минералите од земјата, па може да содржи мало количество калциум, многу помалку отколку млечните производи. На пример, 1 шолја спанаќ содржи 30 мг калциум, а 1 чаша млеко 300 мг калциум. Според тоа, би требало да јадеме огромни количества зелен лисест зеленчук за да ги задоволите вашите дневни потреби за калциум од 1000 мг. Зелениот лисест зеленчук е важен извор на фолна киселина, влакна и на антиоксиданси, но поради калициумот, задолжително јадете друга храна. Млечните производи со помалку масти, конзервираниот лосос со коски и млеко од соја со додаден калциум содржат калциум.


Луѓето со дијабетес не мора да одбегнуваат шеќер. ВИСТИНА
Некогаш на луѓето со дијабетес им се препорачувало да го избегнуваат шеќерот, но оттогаш науката докажала дека тоа не е потребно. Сите јаглеродни хидрати (на пример: леб, тестенини, ориз) се разградуваат во шеќер што се апсорбира во крвотокот. Наместо избегнување на шеќерите, дијабетичарите треба да одберат јаглеродни хидрати што побавно се разградуваат и да го распоредат консумирањето на тие јаглеродни хидрати во текот денот со цел да го контролираат нивото на шеќерот во крвта. Најдобар избор се јаглеродните хидрати со низок гликемиски индекс.


Премногу шеќер предизвикува дијабетес од типот два. ЗАБЛУДА
Иако еден од симптомите на дијабетесот е високото ниво на шеќер (гликоза) во крвта, консумирањето шеќер не предизвикува дијабетес. Дијабетесот од типот два е, меѓу другото, предизвикан од историјата на семејството, нередовното вежбање и дебелината, т.е. претилоста. Некој што нема генетски предиспозиции нема да добие дијабетес, без разлика на тоа колку шеќер консумира.


Кафеавиот шеќер е поздрав од белиот шеќер. ЗАБЛУДА
Единствената разлика меѓу кафеавиот и белиот шеќер е во тоа што кафеавиот шеќер содржи меласа, која му дава мирис и вкус на карамела. Двата вида шеќер содржат иста количина енергија (килоџули), па вашето тело не ја забележува разликата.

Јајцата се лоши за вашето здравје. ЗАБЛУДА
Со години луѓето мислеа дека јајцата се нездрави бидејќи содржат холестерол. Иако холестеролот од храната може да влијае на нивото на холестеролот во крвта, всушност, заситените масти од храната имаат поголемо влијание. Јајцата можат да се вклучат во вашата исхрана бидејќи обезбедуваат висококвалитетни белковини и голем број витамини и минерали.



Рогачот е поздрав од чокаладата. ЗАБЛУДА
Некои луѓе веруваат дека рогачот е подобар избор од чоколадата. Рогачот не содржи кофеин, но содржи слична количина шеќер, енергија (kJ) и заситени масти како и чоколадата. Затоа и не е многу „поздрав“од чоколадата и треба да се консумира во ограничена количина.


Со прескокнување оброци нема да ослабите. ВИСТИНА
Можеби се чини логично со прескокнување на оброци да ослабите, бидејќи јадете помалку, сепак, не е така едноставно. Резултатот може да биде токму спротивен. Вашето тело преминува во „модел на преживување“, вашиот метаболизам се забавува и ја чува енергијата, а не ја користи.
Со прескокнувањето оброци можете да огладнете и на крајот поради тоа да консумирате повеќе храна што содржи повеќе масти и шеќери. Подобар начин за постигнување и одржување на соодветна тежина е консумирање на помали оброци во редовни временски интервали во текот на денот и соодветна активност.


Месото се вари со денови. ЗАБЛУДА
Сте изеле големо парче месо печено на скара и чувствувате дека засекогаш ќе бидете сити! Меѓутоа, нема да се вари со денови. Всушност, кај поголем дел од луѓето месото се вари за 3 до 5 часа откако ќе го изедат. Вашиот дигестивен систем е многу ефикасен. Храната ја разложува на хранливи материи што телото може да ги апсорбира.


Необработениот зеленчук е секогаш подобар од зготвениот. ЗАБЛУДА
Количината хранливи состојки што ќе ги добите од зеленчукот зависи од начинот на кој зеленчукот се складира или како (или зошто) се готви. Иако со готвењето се губат хранливите состојки од зеленчукот, понекогаш тоа може и да ја зголеми нивната количина. Пример за тоа е антиоксидансот ликопен од доматот. При готвењето доматот испушта повеќе ликопен отколку што постои во свеж домат.
Недостигот на хранливи состојки понекогаш е резултат на готвењето, бидејќи некои витамини, како што се витамините Б и Ц, се топат во водата. Некои хранливи состојки се губат ако зеленчукот се готви премногу долго. Со готвењето на пареа или, пак, со пржењето со мешање можат да се задржат витамините. Факт е дека зеленчукот е најважниот дел од исхраната, без разлика на тоа како го консумирате.


Свежиот морков ќе го подобри вашиот вид. ЗАБЛУДА
Морковите содржат бета–каротен, кој телото го претвора во витамин А, кој е корисен за видот, за растот на коските и за здрава кожа. Ако јадете многу моркови, кожата може да поприми портокалов тен, но видот нема да ви се подобри. Еден од резултатите на недостигот на витаминот А е ноќното слепило, што можеби е и причина поради која се развила оваа теорија. Морковите можат да го спречат недостигот на витамин А, но поради нив нема подобро да гледате. Иако поради нив нема да имате рендгенски вид, немојте од вашата исхрана да ги исфрлите морковите – тие се хранливи, вкусни и достапни.


Храната од скроб како што се лебот и тестенините не дебели. ВИСТИНА
Лебот, тестенините и компирот се јаглеродни хидрати. Како и сите јаглеродни хидрати, храната од скроб се разградува со цел на вашиот организам да му обезбеди гликоза за енергија. Јаглеродните хидрати се важен извор на енергија, па се препорачува 45 – 60% од нашата енергија да доаѓа од јаглеродните хидрати. Како и со секој вид енергија, ако изедете повеќе отколку што му е потребно на вашето тело, енергијата од јаглеродните хидрати ќе се складира, а со тоа вашата тежина може да се зголеми. Меѓутоа, тестенините и лебот не дебелеат ако се консумираат како дел од урамнотежена исхрана.


Јаглеродните хидрати не смеат да се јадат со белковини. ЗАБЛУДА
Моментално постојат голем број диети – и речиси секој слушнал за онаа диета во која не смеат да се мешаат јаглеродните хидрати и белковините. Кога тоа би било вистина, не би смееле да консумираме јогурт, млеко, тестенини или мешункасти плодови бидејќи тие природно содржат и белковини и јаглеродни хидрати. Сосема е во ред истовремено да се јадат и белковини и јаглеродни хидрати. Нашиот дигестивен систем може да свари голем спектар и комбинација храна истовремено. Покрај тоа, мешањето на јаглеродните хидрати и белковините може да помогне во контролата на нивото на шеќерот во крвта.


Земањето на витамински таблети ги обезбедува сите хранливи состојки што Bи се потребни. ЗАБЛУДА
Да е барем толку едноставно! Иако витаминските и минералните додатоци можат да бидат корисни кога исхраната не одговара или кога потребите се зголемени (како во бременоста), сепак не ги обезбедуваат сите хранливи состојки што ви се потребни. Додатоците не можат да ви обезбедат доволна количина макронутритиенти – јаглеродни хидрати, масти, белковини и прехранбени влакна. Затоа урамнотежената исхрана полна со разновидна храна од основните групи храна е најдобар начин да ги добиете сите витамини, минерали и макронутриенти што ви се потребни секој ден.


Поради шеќерите децата се хиперактивни. ЗАБЛУДА
Се враќа ли вашето дете од роденденска забава преполно со енергија? Мислите ли дека виновникот е шеќерот во роденденската храна? Всушност, работата не е во тоа. Најверојатно е хиперактивно поради возбудувањето и активностите на забавата, а не поради храната што ја изело таму. Истражувањата покажаа дека не постои директна врска помеѓу консумирањето зашеќерена храна и хиперактивноста кај децата. Сепак, децата треба да консумираат шеќер и храна со додаден шеќер умерено.

Чоколадата содржи висок процент шеќер и масти, па лошо влијае на здравјето и на изгледот. ЗАБЛУДА
Секојдневното консумирање црна чоколада богата со какао може да ги ублажи симптомите што го следат синдромот на хроничен замор, тврдат британските научници. Истражувачите на Медицинскиот факултет во Јорк велат дека е важно чоколадата да се консумира во умерена количина, околу 50 г дневно. Синдромот на хроничен замор го карактеризираат низа симптоми, а се истакнува силно чувство на замор во мускулите по физички напор. Познато е дека црната чоколада содржи високо ниво на полифенол (антиоксиданс), кој влијае на нивото на серотонин, невротрансмитер чие покачено ниво се поврзува со еуфоријата, а пониското со депресијата. Истражувањето на германските научници сугерира дека и мала количина чоколада може да го намали крвниот притисок и на тој начин да го намали ризикот од мозочен удар. Истражувачите од Универзитетската болница во Келн следеа 44 испитаници на возраст од 56 до 73 години со покачен крвен притисок. Се покажало дека дневното консумирање само на 6 грама црна чоколада предизвикува клиничко значително намалување на крвниот притисок.
Веќе и претходните истражувања покажаа дека чоколадата има позитивен ефект врз хипертензијата, благодарение на присуството на какао и флаванол.


Белото месо е похранливо од црвеното. ВИСТИНА
Хранливата вредност на месото се заснова на белковините, кои влијаат на доброто функционирање на мускулите. Белото месо ги има исто колку и црвеното, но предноста на белото месо е во тоа што е сиромашно со масти, кои неповолно влијаат на здравјето и на линијата.


Спанаќот е исклучително здрав, полн со железо и со други корисни состојки. ЗАБЛУДА
Спанаќот е еден од помалку вредните видови зеленчук. Има значително помалку витамини од, да речеме, свежата зелка, содржи голема количина нитрати, кои со претварање во нитрити штетно дејствуваат на човековиот организам.


Компирот има висока калориска вредност и треба да го одбегнуваме. ЗАБЛУДА
Компирот содржи антиоксиданси и кукоамин, кој го намалува крвниот притисок. Богат е со калциум и влакна, и го намалува холестеролот.


Мрсните риби не се добри за организмот бидејќи се калорични. ЗАБЛУДА
Помрсните видови риби, како што се лососот, туната и скушата, се одличен извор на незаситени масни киселини, кои ги штитат крвните садови и ја ублажуваат анксиозноста и депресијата. Лососот содржи голема количина селен, кој го забавува стареењето на ткивото, како и белковини што обезбедуваат аминокисeлини, кои организмот не ги произведува сам.


Ананасот и цитронот ги разградуваат маснотиите. ЗАБЛУДА
Со консумирањето ананас само ќе додадете некоја калорија, бидејќи ова овошје е богато со шеќер. Што се однесува до цитронот, неговата киселост наведува до погрешен заклучок дека во него нема шеќер. А ензимите што наводно ги топат мастите ги разложуваат желудочните киселини, така што од слабеење не станува ни збор.



_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Вистини и заблуди за исхраната
25.1.2010 21:01:23   
Bogdancanka
ЗАБЛУДА - белите јајца се похранливи од жолтеникавите, а живите се похранливи отколку варените
ВИСТИНА - хранливата вредност на јајцето не зависи од бојата на лушпата. Бојата на јајцето ја одредува видот на кокошките

ЗАБЛУДА - јогуртот и пивскиот квасец се неопходни во секоја добра исхрана
ВИСТИНА - јогуртот и другите превриени млечни производи се добра храна, но тие немаат некакви таинствени својства за здравјето кое им се припишува. Пивскиот квасец е извонреден извор на белковини со висока биолошка вредност и на витамините од Б комплексот. Меѓутоа, оние кои секој ден јадат јајца, месо и леб, немаат потреба својата исхрана да ја оптоваруваат и со квасецот.


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Вистини и заблуди за исхраната
11.4.2010 11:37:50   
mother 29
Вистини и заблуди околу конзумирањето вода
Флашираната вода е подобра од онаа од чешма! Ова е само еден од митовите на нашето време во кое живееме.

Кога станува збор за купечката вода, таа е подобар избор од обичната вода од чешма, но кога се наоѓаме на патување во некоја друга земја.



Водата од чешма е побогата во важните минерали, како што се калциум, натриум, магнезиум и цинк, дури и кога ќе се прочисти преку филтер. На купечката вода најчесто и недостасува флорид, кој е доста важен за здрави заби.

Но доколку сепак не сакате да се откажете од вашата омилена вода во амбалажа, избегнувајте ги оние типови на вода на кои пишува "прочистена", освен ако не е дополнително збогатена со минерали.


Кафето и чајот делуваат на губење на течностите

Напитоците кои содржат кофеин, како што се кафето, чаевите и колата, нема да ве дехидрираат ако ги пиете умерено, што значи до пет чаши на ден. Било која врста на пијалок ќе ги нахрани вашите клетки на кои им е потребно течност и ќе придонесе до хидратација на организмот. Единствено треба да припазите на калоричните напитоци.


Не можете да дехидрирате додека пливате

Додека пливате во базен или море, можете всушност многу лесно да дехидрирате. Кога се смалува количеството на крв со средишниот дел на организмот, мозокот го активира чувството на жедност. Но, водата во базенот создава хидростатичен притисок буткајќи ја крвта од средишниот дел на организмот така што се создава голема жедност.


Спортските напитоци, само за спортисти

И обичните смртници, а не само спортистите, може многу да им користат спортските напитоци. Посебно кога "машки" ќе се испотиме, како кога се сончаме на плажа, бидејќи тогаш во голема количина губиме течности и сол од организмот, а спортските напитоци може многу да допринесат при хидратацијата на организмот.

Пијте вода пред јадење и ослабнете

Водата која ја пиете пред и за време на јадењето нема да ве спречи од прејаденост ниту ќе и помогне на храната да помине побрзо низ организмот. Почесто јадете храна која е богата со вода, како што е овошјето и зеленчукот, бидејќи ќе ви се создаде чувство на ситост. Лубеница, праски, крастациви и патлиџани се одличен избор.

Водата збогатена во витамини е подобра

Водата која е збогатена со витаними може да ви пружи сосема доволна доза на витаминот Ц, но нема да го разреди крвотокот како што тоа може да го направи другата вода. Таквата вода обично не го содржи целиот спектар на витамини кој му се потребни на организмот.

Фамозните осум чаши вода на ден

Ни на нутриционистите не им е јасно како настанал митот за осум чаши вода на ден. Оптималната дневна доза за внесување на течности зависи од прехраната, тежината и специфичната хемиска структура на секоја личност. За да ја откриете својата оптимална доза, потребно е да се мерите секое утро, во текот на три до четири дена. Доколку секое сабајле сте полесни за половина килограм, значи дека претходниот ден не се внеле доволно течности.

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 3
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цуцла.
пеперутка16

До кога вашето дете имало цуцла?