|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Заушките (паротит) како причина за стерилитет
19.2.2010 14:35:02   
ripce
Orhitis parotidea или febris testikularis (воспаление на тестисите)
Оваа компликација се јавува само после пубертетот и тоа особено ако болниот не лежел од самиот почеток на болеста. Оваа компликација е многу потешка од самите заушки, а може како последица да остави траен стерилитет. Затоа многу важно е да заболениот да лежи од самиот почеток на болеста без оглед на тоа што може да се чувствува релативно добро.
Orhitis - от се јавува од 4-10 ден од болеста. Почнува нагло со зголемување на температурата до 40 степени, главоболка, повраќање. Заболениот има оток и болка во тестисите. Болката е јака и може да шири кон стомакот. Тестисот е зголемен 2-3 пати, а кожата над него (скротум) е црвена, топла, болна и отечена. Ако отокот е голем и долго трае циркулацијата на крв во семените каналчиња е отежната, што за последица може да има нивно оштетување и траен стерилитет.

Oophoritis - воспаление на јајниците кое може да биде причина за ектопична бременост и стерилитет.



_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Заушките (паротит) како причина за стерил...
19.2.2010 14:42:53   
caci20
Заушките (parotitis) се вирусна инфекција која најчесто ги напаѓа паротидните плунковни жлезди, кои се локализирани пред ушите а позади вилицата. Најчесто овој вирус ги напаѓа децата од 5-14 години, но не значи дека и постарите неможат да се разболат. Се јавува во вид на епидемија на секои 2-5 години во најчесто во зимо или пролет. Кај повеќе од 50% од инфицираните болеста протекува без клинички симптоми. По прележаната болест, се создава траен имунитет кој штити од втора инфекција до крајот на животот
Овој вирус се пренесува преку плунката во непосредна близина при разговор, смеење, бакнување, киванје, кашлање или при користење на ист прибор за јадење и пиење.
При навлегување на вирусот во организмот, прво ткиво кое го напаѓа е епителот на респираторниот систем каде се размножува 14-18 дена. Овој перид го нарекуваме период на инкубација, и за оваа време не сме свесни дека сме инфицирани со вирусот. По истекот на овој период вирусот навлегува во крвотокот и доаѓа конечно до ткивото на паротидната жлезда, а поретко до мозокот, тестисите или панкреасот. Тука се развива воспаление и зафатените ткива отекуваат, се јавува болка. Болеста почнува со нетипични симптоми како: покачена температура, малаксаност, главоболка, гадење, слабост, кои не ни укажуваат на заушки.
1-3 дена по појавата на овие симптоми се развива типична клиничка симптоматологија со појава на болка во увото, болка при џвакање, осетливост на кожата, за конечно да се појави препознатливиот оток зад вилицата, пред ушите. Овој оток најчесто почнува еднострано но набргу до крајот на денот отекува и другата жлезда.
Отокот се задржува 6-10 дена. Болниот е инфективен, односно го пренесува вирусот 5-6 дена пред да се појави отокот, и 4-5 дена откога ќе исчезне.
Бидејќи оваа состојба е предизвикана од вирус, не се употребуваат антибиотици, треба само да се прати температурата на болниот и да се користи, најдобро, парацетамол за нејзино намалувавање, а за отокот се препорачуваат топли облоги. Болниот треба да избегнува тврда, кисела храна која го зголемува лачењето на плунката и ја зголемува болката, а да користи што повеќе течности. Најбитно од се е децата кои имаат заушки да останат дома за да се спречи ширењето на вирусот.
Од компликациите кои можат да се јават е ширење на инфекцијата кон мозокот, со појава на здрвен врат, главоболка, вртоглавица, повраќање. Ако се забележат овие знаци веднаш треба да се консултира доктор.
Исто така заушките можат да се манифестираат со воспаление на тестисите и тоа најчесто во постбубертетните години и кај повозрасните. Тестисот кај овие болни е зголемен до 4 пати од нормалната големина, е болен, кожата е црвена. Значајно е што кај 50% настанува атрофија и нефункционалност на тестисот, но зафатеноста на двата тестиси истовремено се забележува кај помалку од 15%, па стерилитет ретко се забележува.
Оваа болест во минатото претставувала значаен проблем затоа што многу лесно се шири и ги зафаќала речиси сите деца од предшкоска и школска возраст. Со воведувањето на вакцината против заушки овие инфекции се намалени за повеќе од 99%, така да сега епидемиите се со многу помали размери

< Поракaта ја уредил caci20 -- 19.2.2010 14:43:32 >


_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цуцла.
пеперутка16

До кога вашето дете имало цуцла?