|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Важноста на витамините
8.7.2009 23:15:35   
Еца
Витамин А
На нашето тело му е потребен витаминот А за да се произведе родопсин.
• Тоа е пигментот кој ни помага да гледаме кога е темно.
• Овој витамин игра важна улога во имунолошкиот систем и нѐ чува од бактериски, паразитски и вирусни инфекции. Поради ова, витаминот А е особено значаен при прележувањето на сипаници кај децата.
• Помага устата, дигестивниот и респираторниот систем да бидат влажни и на тој начин го спречува навлегувањето на надворешни организми и отрови, како и да лечи воспаленија или пост инфекции.
• Претставува моќен антиоксиданс. Го спречува делувањето на слободните радикали кои предизвикуваат значајни оштетувања на организмот, меѓу кои и канцерот.

Жолти и темно зелени овошја и зеленчуци имаат високо количество на провитамин А, особено бета-каротин. Затоа и се вели дека треба да се јадат оние кои ги имаат боите на семафорот. Во некои плодови, како што се морковите, провитамините не се веднаш во состојба за апсорпција, бидејќи се врзани со протеини. Затоа е потребно претходно да се сварат.
Витамниот А е стабилен кога ќе се изложи на топлина и светлина. Иако, при готвењето генерално не се уништува, може да се направи неактивен кога е изложен на влијание на железо и бакар. Заштитен е во присуство на витамин Е.

ЗНАЦИ НА НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИН А
Првиот симптом е влошен вид, кој се манифестира со ноќно слепило. Потоа, недоволен телесен развиток на децата, проблеми со репродуктивниот систем кај возрасните, гингивитис, многу сува кожа и инфекции. Ако недостатокот е голем може да дојде и до спонтан абортус и анемија.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Важноста на витамините
13.7.2009 8:42:37   
Еца
Витамин Б6
Витаминот Б6 (Pyridoxin) има бројни функции во човековото тело. Раствотлив е во вода и се отстранува од човековото тело во период од 8 часа и не се става во резерви во човековото тело. Затоа е потребно да се внесува преку исхраната. Го има во бананата и авокадото, интегралните житарици, лососот, црвеното месо, мешункастите плодови, спанаќ, карфиол.
Цинкот, магнезиумот и останатите Б витамини ја подобруваат апсорпцијата на витаминот Б6.
Дневната потребна доза од овој витамин е 1,2 – 1,6 mg. За поголеми количини, потребна е консултација со медицинско лице.

Една од најважните функции на витаминот Б6 е неговата способност за метаболизирање на хранливите состојки во енергија, особено на протеините. Без овој витамин, протеините не можат да се апсорбираат во организмот, па се исфрлаат како неискористени. Витаминот игра и важна улога во подигнување на имунитетот кај луѓето.

Се користи при третман на ПМС кај жените. Неговиот недостаток во одреден дел од менструалниот циклус, предизвикува промени во расположението, иритабилност и болки во стомакот. Во овој период се препорачува храна богата со витамин Б6.Исто така, постојат и други истражувања кои покажуваат дека употребата на контрацептивни пилули го снижува нивото на Б6. Па кај жените кои користат контрацептивни пилули се препорачува витаминот да се внесува дополнително преку храна, но и преку други суплементи. Значи со еден збор, овој витамин помага при одржување на хормонална рамнотежа во организмот. Витаминот Б6 е неопходен и за здравјето на нервните клетки. Се користи кај третирање на нервози, стрес, проблеми со концентрација, умор и несоница, како и кај емотивни нарушувања.

Помага и за одржување на здравјето на кожата. Терапевтски се користи кај различни проблеми: егзема, првут, акни, опаѓање на косата и сува кожа. Исто така помага и кај посериозни заболувања како псоријаза и меланом. Ги штитит срцето и белите дробови од различни заболувања и ги одржува во добра форма. Дел е од третманите за мултиплекс склероза, анемија, артритис и грип. Се препорачува и за намалување на тегобите кај трудниците.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Важноста на витамините
13.7.2009 16:34:34   
Еца
Витаминот B1 или како што уште го нарекуваат "Тиамин" е еден од најважните витамини во B групата. Неговото дејство се губи кога се вари овошјето па потоа се конзумира. И ставањето сода за готвење исто така дополнително го уништува.

Функција: Тиаминот го штити срцевиот мускул, ја забрзува работата на мозокот, помага нервниот систем нормално да функционира, помага во циркулација на крвта, создава нови црвени крвни зрнца, ја подобрува кожата, го смалува заморот, ја зголемува издржливоста, спречува прерано стареење.

Го има во: скоро во сите овошја и зеленчуци, во јаткастото овошје, во млекото, месото и во житариците. Но важно е производите кои сорджат B1 да не се варат туку да се конзумираат свежи.



_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Важноста на витамините
14.11.2009 11:22:37   
mami
Витамин Ц

една студија  вели дека се потребни 500 милиграми на витамин Ц на ден, за постигнување на оптимални резултати за здравјето. Ова е многу повеќе од дневно пропишаните 90 милиграми за возрасни. Затоа, ако не внесувате многу овошје и заленчук во текот на денот, најверојатно ке ви биде потребен дополнителен внес на додатоци на база на овој витамин. Според студијата горната граница за вит. Ц изнесува 2000милиграми на ден.
Досега се откриени многу нови сознанија во врска со благопријатните дејства на витаминот Ц- тој има доста позитивно дејство врз одржување на нашето здравје и превенција на бројни болести како кардиоваскуларните потешкотии, ракот, мозочниот удар, здравјето на очите и имунитетот во целина.
Еве неколку намирници кои се потребни за исполнување на количината од 500мг витамин Ц на ден
- 1 шоља диња- 59мг
- 1 шоља портокал- 97мг
- 1 шоља брокули- 74мг
- 1/2 шоља црвена зелка- 40мг
- 1/2 шоља зелена пиперка- 60мг
- 1/2 шоља црвена пиперка- 95мг
- половина кива- 70мг
- 1 шоља сок од домати- 45мг

Витаминот Ц игра многу значајна улога за зајакнување на рабоата на имунолошкиот систем кај лица кои се под постојан стрес. Витаминот Ц значително се троши под дејство на стресни ситуации, а и е прва состојка којасе намалува при конзумирање алкохол и цигари, па застапеноста на овој витамин е одличен показател за општата здравствена состојба.

Ако зборуваме за настинките, сите ке се сложат дека овој витамин игра огромна улога во зајакнувањето на имунитетот и спречување на поголеми компликации како појава на пневмонија и инфекции на белите дробови.

Научно е докажано дека лицата кои имаат поголема концентрација на вит. Ц во крвта, за 42% го намалуваат ризикот од добивање на мозочен удар. Причините за ова не се доволно разјаснети но се доволни за да ни покажат дека треба редовно да се конзумира што повеќе овошје и зеленчук.

Витаминот Ц влијае на клетките одвнатре и однадвор во организмот. Поголемиот внес на витамин Ц се поврзува со помала веројатност од појава на брчки, сушење на кожата и помазен надворешен изглед на истата.

Витаминот Ц не се складира во телото, па поради тоа не е можно да се дојде до состојба на предозираност. Сепак, подобро е да не се надминува крајната горма граница од 2000мг на ден, за да се избегне појава а стомачни потешкотии и дијареа.




(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цуцла.
пеперутка16

До кога вашето дете имало цуцла?