profesorica
|
Секој маж барем еднаш во животот се соочил со емотивен испад на својата сакана за кој што наизглед не постои никаков повод. Но, дали навистина не постои никаков повод или проработеле женските "мушички"? "Женски мушички" е женско однесување кое најчесто резултира со караница. Еве ги најчестите: Moлчење Секој маж барем еднаш бил во ситуација на тврдокорно молчење, кое го натерала на преиспитување на дотогашните постапки и размислување "што згрешив па сега". Која и да е причината за молчењето, жената знае дека тоа е моќно оружје за создавање на чувство на вина, па на тој начин се обидува да казни некои постапки, наместо со тешки зборови. Безобразно цмиздрење Уште една суптилна метода со која жените постигнуваат партнерот да се чувствува виновен. "Депресивна сум, немам воља за ништо, ова ми е навистина тежок период" - ова се реченици кои доаѓаат во комбинација со солзите. Во таква ситуација повеќето од мажите не се снаоѓаат, а обично и ја влошуваат со непожелни коментари. Испад поради гледање други жени Таа е единствена. Други не постојат. Ова е мантра која секој маж би требало да си ја повторува доколку не сака хистеричен испад во јавност. Дури и доколку таа е склона кон коментирање на случајните минувачки и доколку привидно очекува и нејзиниот партнер кон тоа да се вклучи, всушност станува збор за стапица од која треба да се чувате. Килограми и целулит Кога ќе постави прашање од типот "Ми изгледа ли задникот дебело во овие панталони?" можеби ви се чини дека очекува искрен одговор, но ехеј, ова не смее да залаже ниту еден маж. Најдобро е да се насмеете и да го избегнете одговорот, бидејќи ниту еден одговор нема да биде вистинскиот. Претераната искреност и коментари од типот на: "Мене ми се допаѓаш таква каква што си" можат само дополнително да ја налутат, бидејќи во нив ќе најде потврда за своите сомневања. Само не фудбал! Иако се чини дека кон него се склони и се поголем број на жени (веројатно затоа што ги гледаат играчите, а не играта), целиот тој контекст кој вклучува големи количини пиво, опуштени стомаци, пот, врева, мрсни грицки и останати ритуали, на повеќето жени не им е јасен. Жените дноставно не можат на себе да си објаснат зошто гледањето на мажи кои трчаат по една топка е толку возбудливо. Кога на тоа ќе се додаде и нејзиното мислење дека премногу време поминувате со пријателите а премалку со неа, приговорите не изостануваат. Шопинг терапија Женските списанија ја имаат разработено стратегијата за доброорганизиран шопинг до совршенство. Машкиот мозок едноставно не може да сфати како таа е во состојба да го потроши и последниот денар на торбичка и како има трпение со часови да ги разгледува излозите со "крпчиња". Нејзините образложенија дека се што купила навистина и било неопходно и дека шопингот ја ослободува од стрес тешко дека ќе наидат на плодно тло. Најдобро решение - да се сложите со неа дека се што купила и е навистина потребно и да ја држите вашата картичка на сигурно место. Чистота и уредност Еден од најдобрите начини да ја излудите жената со која живеете е да и оставите пепељара (пепелотресник - факинг литературно) полна со отпушоци, до пола испиена шоља кафе до компјутерот, незатворена паста за заби и последици од бричењето по умивалникот.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
|