|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Карлична презентација
28.7.2010 10:58:59   
vezilka RR
Карлична презентација


Карлична презентација претставува кога карлицата на бебето, односно бебешкото газе или неговите нозе, ќе се спуштат најдолу во матката, односно во мај-чината карлица. Тоа значи дека најнискиот дел на бебето во матката не е главата, и затоа оваа појава се вбројува во малпрезентација, неправилна поставеност на бебето.


Сепак, бебето се врти

Карлична презентација претставува кога карлицата на бебето, односно бе-бешкото газе или неговите нозе, ќе се спуштат најдолу во матката, односно во мај-чината карлица. Тоа значи дека најнискиот дел на бебето во матката не е главата, и затоа оваа појава се вбројува во малпрезентација, неправилна поставеност на бебето.
Појавата на карличната презентација е околу три проценти од сите раѓања. Пред 28. гестациска недела, околу 25 проценти од бебињата се во карлична пре-зентација. Како што бебето расте и зазема повеќе простор во празнината на матка-та, тежнее да заземе главична презентација, која најдобро одговара на обликот на матката. До 34. гестациска недела, најголем дел од бебињата веќе имаат заземено главична позиција. Се смета дека оние бебиња што се во карлична презентација во 36. гестациска недела, најчесто до породувањето остануваат во истата полож-ба.

Три вида карлично

Најголем дел од раѓањата во карлична презентација, всушност, се случува-ат кај предвремените породувања, околу шест проценти од вкупните породувања. Дел од раѓањата во карлична презентација може да бидат поврзани и со некоја конгенитална аномалија, која влијае врз позицијата на бебето или на неговата спо-собност да се движи во матката.
Разликуваме три вида карлична презентација: чиста карлична, комплетна и некомплетна карлична. Чиста карлична презентација е кога карлицата на бебето е во најдолната точка на празнината од матката, а нозете му се испружени кон горе. Комплетна карлична презентација е кога карлицата на бебето заедно со свиткани-те ножиња е најниско поставена, а некомплетна карлична или ножна е кога некој дел од ногата на бебето, колено или стапало, е пониско спуштен од карлицата на бебето. Вашиот доктор најчесто ја дијагностицира карличната положба на вашето бебе со помош на ултразвук. Во подоцнежниот тек на бременоста со палпација на матката преку стомакот може да се напипа тврда и округла структура во погорните делови, кај ребрата на мајката, што всушност е позицијата на бебешката глава. На вагинален преглед се напипува бебешката карлица или бебешките ножиња.

Постапки за вртење на бебето

Доколку главата на бебето не се намести во дното на мајчината карлица до 34. недела од бременоста, може да се практикуваат постапки за да се помогне промената на положбата на бебето од карлична во главична или да се води поро-дувањето со карлична презентација.
Позициска техника. Една едноставна положба може да & помогне на бре-мената пациентка да ја смени положбата на бебето. Потпрена на колена и на ла-кти, со предниот дел на телото спуштен кон подот, двапати дневно по 15 минути. За една недела се постигнуваат одлични резултати, кои се докажани во клиничката практика. Во студија спроведена во Индија, дури 95 проценти од карличните по-ложби на бебето се промениле во главични.

Надворешна главична верзија (превртување). Надворешна главична верзија е постапка која може да се примени по навршената 37. недела на бреме-носта од страна на акушерот. Таа постапка се изведува во болница, вклучува да-вање лекарства за релаксација на матката, манипулација со бебето преку стома-кот на мајката и контрола со ултразвук. Акушерот се обидува полека да ја смени положбата на бебето, односно да ја подигне бебешката карлица кон горниот дел, а да ја спушти главата на бебето кон карлицата на мајката. Потоа се контролира со-стојбата на бебето, односно работата на бебешкото срце со помош на кардиотоко-графија. Ако с$ е во ред, бремената пациентка оди дома, и се чека спонтано почну-вање на породувањето на сега веќе главично поставеното бебе. Доколку има зна-ци за влошување на состојбата на бебето, раѓањето се завршува веднаш по опе-ративен пат, односно со царски рез. Успехот на надворешната верзија во светски рамки е околу 75-80 проценти.
Породување при карлична презентација. Бремените пациентки со бебе во карлична презентација може да се породат спонтано или со царски рез. Во мно-гу болници, докторите на сите пациентки им препорачуваат породување со царски рез. Сепак, тоа не би требало да биде правило зашто ако се почитуваат критериу-мите за успешно вагинално породување, голем дел од овие бебиња ќе се родат по вагинален пат. Потребните критериуми се: бременост над 36 недела, чиста или комплетна карлична презентација, флектирана глава на бебето, проценета тежина од 2.500 до 3.800 грама, задоволителна големина на мајчината карлица што се проверува со магнетна резонанца или со претходно породување, искусен акушер и обезбеден анестезиолог. Доколку се решат на вагинално породување, најголем дел од пациентките и се породуваат вагинално, околу 70 проценти.
Како јасни причини за породување со царски рез би биле предвремените карлични породувања, каде што главата е релативно поголема од телото, ножните презентации, нефлектирана глава на бебето, проценето големо бебе, тесна мајчи-на карлица и пролабирање на папочната врвка откако ќе прснат плодовите обви-вки.

Пишува м-р Глигор Тофоски,
Гинеколог-акушер од Клиниката за гинекологија и акушерство
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Карлична презентација
28.7.2010 11:02:16   
vezilka RR
Ех, и моево вака си седнало. Докторот ми рече дека можно е до 28 недела да се сврти, ако не најверојатно породување со царски. Ќе видиме :)

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Карлична презентација
28.7.2010 11:08:54   
arh_diz
vezilka ke se vrti i toa uste kolku. Kaj mene vo 28 nedela bese super svrteno posle vo 34 nedela bese karlico i na eho toj sto me gledase mi vika nema sansi da se svrti . Sega koga pravev eho vo 38 nedela svrteno e kako sto treba.Se zavisi od samoto dete

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Карлична презентација
28.7.2010 11:14:18   
vezilka RR
Па да, така и мене ми кажаа дека е можно да се сврти. Сега за сега јас го чувствувам кога клоцка во долниот дел од стомакот. И кога станувам чувствувам болка во долниот дел од стомакот за која докторот ми рече дека е од поставеноста на бебето. И јас сенадевам дека ќе си се сврти user posted image

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Карлична презентација
31.7.2010 23:19:35   
elle
везилка има многу време за вртењеuser posted image user posted image user posted image
една другарка моја сега скоро се породи до последната неделаuser posted image цело време беше така свртено и на крајот си ја намести главичката за излегување до последен момент има надеж не се секирај


_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Карлична презентација
1.8.2010 18:08:35   
jasmina 25
devojki kazete dali moze da imam nekoj problem ako bebeto go nosam dolu,petti mesec sum i mislam rano e da se spusti taka poslednive dve nedeli posebno navecer cuvstvuvam bolka vo dolniot del na stomakot koga mi e polna besikata...se plasam da ne se otvoram ne daj boze...

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Карлична презентација
4.8.2010 14:15:49   
vezilka RR
Не се секирај многу..Е ризик секогаш постои, ама не мора да значи. Ќе се чуваш малку повеќе во смисла на тоа да не краваш тешко и да не се наведнуваш многу, многу. Ова се совети што сестра ми ги доби кога беше бремена, оти и таа така ја износе цела бременост и немаше гајле..

(Одговор на членот jasmina 25)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Карлична презентација
5.8.2010 17:13:45   
AnnaMolly RR
Мене ми беше завртено до сам крај карлично и ниеднаш се немаше завртено како што треба. Од почеток до крај карлично. Си се породив со царски и тоа е тоа, нема некој избор

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Карлична презентација
2.9.2013 12:01:51   
masa
И мене на последна контрола ми беше user posted image карлично.Неколку пати нежев на колена и на лакти со спуштен преден дел на телото(инаку оваа положба ми помага и за олабавување на грбот и кога ме боли половината) и вчера мислам дека се сврти.Сетив по тоа што утрото икаше и го сеќавав горе десно,а ниќеска пак икаше и го сеќавав доле лево.Денес пак сеќавам твро округло горе десно каде што претходно беше глевчето,а таму на ќерката и беше газето.Некој да има идеја како да распознаам дали е газе или глевче?Сега не ми се оди само за тоа на преглед.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Карлична презентација
6.3.2014 12:34:29   
vezilka RR
Во 29 недела сеуште беше карлично свртено. Несе сеќавам Никола кога се преврте, мислам во која недела. Знам дека има шанси сеуште да се сврти, ама јас си се тешам дека нема, па ќе си сепородам со царски, хехех да не мора врски да фаќам.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Карлична презентација
19.6.2014 19:15:58   
Dilina
Ете и за тоа тема имало user posted image претпоставував дека тоа е карлична поставеност. Е мили мамички мене некаде од 24та недела да речам се покажа дека е карлично. Стално главчето му се покажуваѓе на десно, а веќе доолг период му искачаат и коленцата на лево. Само ќошеви ми прави на левата страна цуцава моја. Е сега јас како што увидов со грбчето ми е надолу малата. Незнаев дали е ова проблем или не. А сега читам дека и е! Знам дека рачно може да ги свртат бебињата у матка, но мн ми е страв од тоа. Кумата ми кажа да не се зафркавам дека може да има последици врз бебчето. Што мислите вие треба да се ризикува или? Јас познавам два случаја (на повозрасни луѓе) што се со некоја заостанатост а се родиле на овој начин.. леле се ежам и ми се лоши од муабетов, и ви се извинувам, ама ме фаќа паника околу помислата дека може да му се случи нешто на бебуш. А еве сега и читам различни информации околу карлична бременост. Инаку 37ма ја почнувам веќе... долг период ми е вака поставено, не ми се верува дека ќе и текне да се сврти :) И баш ме интересира колку често се прави царски во ваков случај? Јас би со царски од страв дека нешто ќе му се случи на бебето, а не дека несакам да си го родам природно.




(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Карлична презентација
20.6.2014 9:22:03   
AnnaMolly RR
Дилина, ако е карлично до 37 недела,мислам дека има мали шанси да се сврти, мада мене ми викаа дека до почеток на самите болки се е можно.
Филип ми беше од сам старт карлично, ниеднаш не беше нормално поставен.
Во државна кога бев ми рекоа „Многу е ризично вакво природно породување, ама ние ќе пробаме. Ако ептен не можеш да издржиш, одиме на царски“. Јас им реков пријатно и веќе никогаш во државна ГАК нема да влезам.
Во Чаир само што отидов, ме прегледаа и рекоа ако е карлично одма царски, без никакво размислување.
Е сега јас поради прееклампсија веќе во 37 недела бев породена со закажан царски во Чаир.
Ти препорачувам да отидеш во Чаир да видиш што ќе ти кажат, ама 99% сум сигурна дека таму со царски ќе те породат.

Како и да е, со лесно и чекам да пишеш што ќе направиш.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Карлична презентација
20.6.2014 11:03:26   
Dilina
А јас си се надевав на природно... мн сакам да се породам природно, но и со малце сомнеж ќе се нафатам на царски. Може сум оф топик, но за државна уште од првиот преглед ме извадија од памет и НИКОГАШ ПОВЕЌЕ. Но за тоа во друга тема ќе ви кажувам.

На 27ми сум на прегед (цтг) кај др. Кировски. Тој треба да ме пораѓа па ќе разговарам со него. До сега матичниот ништо не ми рече но еве почнав веќе да се мислам а и намерно не прашував знаејки дека се вртат... но времето тече... а бебуш абер нема user posted image

АnnaMolly ти благодарам мн, барем знам дека е ризично сега, јас би барала царски во секој случај.... чим се вратам од преглед веднаш ќе ви кажам како пројдов...user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 13
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Пелени.
пеперутка16

Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?