|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Театар
27.11.2013 14:51:35   
AneLav RR
Вчера го гледав Тони Михајловски беше гостин во една емисија па ми поттикна љубопитност за новата претстава што се спрема во МНТ „Вечна Куќа“. Обавезно ќе ја гледам, штом ќе дојдам повторно во Скопје. Темава ја отварам сакам да го чујам вашето мислење, колку често одите во театар, дали сте оделе порано, препораки, ваши размислувања за претставите итн...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Театар
28.11.2013 8:34:47   
deluxe
Искрено можам да кажам дека не сум била на театар можеби 5 години.Срамота!! Навистина театарот ми е до петици,но ете нз како да кажам,можеби обврските си го прават своето.... А сум љубител на театарските претстави.Последната што сум ја гледала беше одамна "Коцкари" од Гогољuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Театар
28.11.2013 8:38:38   
Mihaela 2010
Uff na ovaa tema i mene mi e sram,neznam od koga ne sum bila i iskreno mnogu mi fali...

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Театар
28.11.2013 8:39:45   
Палешка РР
Пораснав в театар. Дедо глумец, татко драмски писател. Многу често татко ми ме носеше кога ќе се почнеше да се подготвува негова претстава, на читање, на прво излегување на сцена, на подготовка на сценографија, костимографија...Иако бев присутна на подготовките, сепак премиерната изведба на претставата е нешто магично. Пораснав со љубов кон театарот. Не пропуштав ниту една претстава на репертоарот, ниту една претстава на театарските игри Војдан Чернодрински.
За жал, по неговата смрт немам ниту влезено в театар, не ни можам да влезам...за мене театарот беше всушност тој.
Жал ми е што ете некако престана да ме привлекува оваа магија на уметничкото изразување.



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Театар
30.11.2013 9:04:54   
AneLav RR
Мојата љубов кон театарот ми ја вродија моите родители. Кога бев уште во основно училиште постојано одев во театар, немаше претстава на која моите не ме имаа однесено. И сега сакам да одам во театар ., жалам што во градов нема такво нешто освен некои дтски претстави, а децата ми се многу мали за да ги носам. Инаку една претстава која од дете ја имам запамтено и како полна со емоции и тажотии е „Чија си“ тогаш главната улога уште ја играше Игор Џамбазов...

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Театар
30.11.2013 20:07:16   
vezilka RR
Кај нас нема театарска култура. Театарската публика е броена и истата на сите претстави. Јас многу доцна го засакав театарот. Страста кон театарот не ја добиц од дома зошто за жал не им беше страст на моите родители. Како мала во театар одев само организирано преку школо. Кога ја сфатив театарската уметност, кога го разбрав театарскиот израз тогаш ми се разви љубовта кон театарот. Имаше период кога престанав да одам во кино за сметка на театарот. И сега сака да одам и одам повремено, можеби не толку често како некогаш, ама не сум го заборавила. Има две претстави кои оставиле печат врз мене, Вагинални монолози, и една претстава на француски јазик, иако збор не разбрав, ама глумата на тие луѓе ме обзема скроз. Претставата беше интерактивна со публиката, така да и ние се чувствувавме како дел од неа.

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Театар
1.12.2013 23:21:32   
Snowhite RR
Јас многу сакам театар, последно бев пред месец дена, пред да се земиеме со мм, не пропуштавме претстава, посебно театарските игри Војдан Чернодрински на сите претстави бевме присутни, дури и на тие што се прикажуваа во Битола. Полседниве години поретко одиме, некако поради обврските немаме време, а и искрено мислам дека театарот не е тоа што беше, некако претставите се многу модерни направени, филмувани или не знам како да се изразам и поради тоа и немам толкава желба да одам на театар како порано

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Театар
2.12.2013 12:33:31   
sandriana RR
До пред 7-8 години, не пропуштав премиера во Драмски и МНТ центар.
Мајка ми ме носеше уште во детскиот театар и на представите што традиционално се одржуваа во Универзална сала по повод Нова Година, па во Драмски -од Чија си, ММЕ...
И во средно не носе често во театар, а и самоиницијативно со друштво одевме.
На факс киното ни стана подостапна категорија, а и луѓето така се погодија - филмомани, па потоа други интереси и начини на забава, но театарот ми е прва љубов, и ќе чека можност да се разгори повторно user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Театар
2.12.2013 18:03:19   
vezilka RR
Епа жени следно ќе праиме РР театар дружба. Сериозно, а можеме и деца да носиме во театар.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Театар
8.12.2013 20:17:49   
vezilka RR
Да не беше вчера некој на отворањеро на новиот театар. Што мислите за него? Баш ме интересира дали откако ќе поминагт премиерите ќе се напуни некогаш театаров?

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Театар
8.12.2013 20:45:44   
Mihaela 2010
Jas ne bev ama me bendisuva.. koj si e ljubitel na teatar ke si ide.. se nadevam deka vo brzo vreme i jas ke go posetam

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Театар
23.9.2014 13:23:41   
LoveableMe RR
Јас последно бев на претставата на Љубиша Георгиевски и театарот е убав, акустиката убава, ефектите исто убави, претставата беше малце комплексна но јас повеќе очекував, не бев нешто многу импресионирана...се спремаме да одиме на некоја комедија, ќе видиме што има деновиве на репертоаров и по порталиве за попустuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Театар
17.11.2014 14:01:56   
AneLav RR
Сум заборавила да пишам на темава ајде ве молам некој да ми даде свое мислење за „Вечаната куќа“ Ја гледав лани мислам и сакам да слушнам ваши впечатоци па ќего кажам моето мислењеuser posted image


_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Театар
1.12.2014 1:58:08   
caciana
Nikoj do sega ne uspeal da me natera da go zasakm teatarot. (pokraj odenjeto vo teatar koga morav od skolo da odam user posted image ) Sum bila 2-3 pati so decko mi (toj saka da odi ), Gledavme nekoja komedija i stvarno mi e glupost i dosadno mnoguu!! user posted image

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Театар
1.12.2014 9:07:57   
scared RR
Не сум била во театар од основно, а баш сакам да оптидам во овој новиов чисто од љубиптност, не сум некој љубител на престави ама ете би отишла user posted image

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Театар
1.12.2014 9:23:53   
LoveableMe RR
Порано редовно одев на театар, ги гледав скоро сите претстави и навистина е прекрасно чувството на претстава, особено ако е добра комична или ако те стави во размислување наредните неколку дена.

Сега навистина дали се тркаме со времето, не одиме толку често, последно бев на најновата претстава на Љубиша Георгиевски и оттогаш не сме биле, ама изгледа треба да почнеме, ако ништо друго преку порталиве кои нудат попуст на картиuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 16
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цуцла.
пеперутка16

До кога вашето дете имало цуцла?