Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Мажот после продувањето на жената 8.7.2009 7:27:17
Еца
Дали мислите дека мажот по вашето породување се чувствува отфрлено, запоставено? Дали сте разговарале со него на оваа тема?
Јас по породувањето со Мартина се трудев максимално да им се посветам и на двајцата, бидејќи тие ми се најважните.Инаку имам пријателки на кои мажите по породувањето им се преселуваат и спијат во друга соба, што не знам како да го сфатам тоа.
Кои се вашите искуства, а како размислувате сите оние кои за прв сте бремени?
RE: Мажот после продувањето на жената 8.7.2009 8:53:40
mami
да се преселам во друга соба???ауу катастрофа, е тоа не го разбирам дефинитивно...јас бев со него цело време, дури и ми беше криво кога после 5 дена мораше да се врати на работа, се чувствував како да не поминува доволно време со Лука...од првиот ден ние сме заедно во се..заедно го бањаме, раниме, успиваме(не секогаш ама почесто). мислам и тој е родител, неможеш да го исклучиш со тоа што ке се преселиш во другата соба...е сега можеби на друго поле малку го запоставив ама и тоа кратко траеше
RE: Мажот после продувањето на жената 8.7.2009 19:03:03
Боцко
не можам да кажам дека бев запоставен. но, не бев ниту центарна внимание. но, не само што не се лутам, туку ми беше и мило. имаме заеднички центар - стефан. какво преселување, каква друга соба. јас од првиот ден сум вклучен во се. само така може и никако поинаку.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
RE: Мажот после продувањето на жената 9.7.2009 9:16:07
Боцко
може. па добро бе, зарем не е малку себично да се мисли дека треба да се остане најважен, кога бебушот е без размислување најважното нешто. ако е вклучен во сето тоа што се случува, треба да му бие мило и да се чувствува важен што придонесува за благосостојбата на своето дете.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
RE: Мажот после продувањето на жената 3.8.2009 22:48:13
Еца
Еве мора и јас да напишам какво е моето искуство сега во врска со темата. Точно Боцко дека бебушот е најважен, но има и други важни личности, во мојот случај Мартина, но и мојот сопруг.Значи се трудам времето добро да го распоредам, па дури да ви посветам и вам рингерајковци внимание Значи никој не смее да биде запоставен, па ни самата ЈАС.Затоа денес си одвоив време само за себе, а како го искористив, нека остане моја мала тајна
RE: Мажот после продувањето на жената 3.8.2009 23:00:41
Natasha5
tocno Elena nikoj ne treba da bide zapostaven,sekako deka deteto e na prv plan no i soprugot i drugite licnosti se vazni,isto taka smetam deka e mnogu vazno da si odvoite vreme malku i za sebe da se sredis i sl.raboti
RE: Мажот после продувањето на жената 3.8.2009 23:02:57
BEBICA
Zdravo eve i jas da se vkucam na ovaa tema.Mojot soprug od prviot den koga dojdov mi pomagase vo se i sekogas bese okolu mene i malata,eve i posle 10 meseci toa ne se smeni toj zaedno so mene ja banjame kerkickata. No vo nieden pogled ne e zapostaven od koga se porodiv.Dvajcata naogame barem malku vreme za nas dvajca pa makar toa bilo na 1 saat.Pozdrav
RE: Мажот после продувањето на жената 21.1.2012 15:53:19
AnnaMolly RR
Ништо се нема променето по породувањето помеѓу мене и мм. Спиеме заедно на спална, Филип до нас. Никогаш не станало збор дека треба да оди во друга соба или слично. Можеби тоа се должи на фактот што Филип навечер заспиваше во 21 часот (и сега тогаш заспива), па сме имале време за да се посветиме еден на друг. Честопати и излегуваме сами, Филип си спие со една од бабите/ Мислам дека по породувањето бебето ни е центар на светот, ама бракот и мажот во никој случај не треба да се на второ место.
RE: Мажот после продувањето на жената 21.1.2012 16:50:19
kuklicka26
По породувањето мм цело време е со мене и ми помага во се,но имаме ист ценатр -симона и ни е многу мило,заедно ја капиме,заедно си играме,понекогаш и ја пресоблекува учествува буквално во се околу .Додуша немаме никаков проблем од мирна е и навечер спие без да се пробудува,ама биквално не развеселува секој момент.А ние еве некни си излеговме си спиеше со бабаи нема проблем.Во се се надополнуваме сега нормално дека центарот е Симона ама нема затоа лутење или одење во друга соба,се е нормално како и претходно само што смислата на животот ни стана многу многу поубава.
RE: Мажот после продувањето на жената 21.1.2012 17:08:57
kikicka
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR
Ништо се нема променето по породувањето помеѓу мене и мм. Спиеме заедно на спална, Филип до нас. Никогаш не станало збор дека треба да оди во друга соба или слично. Можеби тоа се должи на фактот што Филип навечер заспиваше во 21 часот (и сега тогаш заспива), па сме имале време за да се посветиме еден на друг. Честопати и излегуваме сами, Филип си спие со една од бабите/ Мислам дека по породувањето бебето ни е центар на светот, ама бракот и мажот во никој случај не треба да се на второ место.
потпис
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
RE: Мажот после продувањето на жената 21.1.2012 17:26:13
Pepelaska *
Морам да искоментирам на темава, да си ја олеснам душата.Јас ооткако влегов во куќата на мм бев запоставена од негова страна, значи сакаше да се ожени за да не ме земал и носел секој ден дома за да сме биле зааедно и сл.Знам дека и тој не сакаше така да биде но беше на работа до 17:00 некогаш и до 22 а после работата одеше да работи кај куќата.Бременоста ја поминав буквално сосема сама. Кога се породив зеде 10 дена одмор за да е со нас и баш тогаш се најде да се копа канализација за куќата.Не го видов дома ич. Па си тргна на работа по цел ден, и викенд и празник. Едно време мислев дека ќе полудам.Зима ,ладно, бебе, свекор и свекрва дома,обврски еден куп.Слободен ден на мм значеше работа во куќата. За спиење никогаш не сме спиеле одделно. За помагање ми помагал, некогаш стануваше ноќе да прави млеко кога јас бев преморена од трчање преку ден. Сега единствено заедно го бањаме детето.Ама во последно време гледам позитивни промени.Ако дома го мести креветот, го пали огнот, потсоберува растурено,изгледа сфати дека не е се само моја работа.А јас во текот на оваа година и пол досега никогаш не сум го запоставила,спремање јадење за на работа, прашување како си и како помина и слично,за мене тој и син ми секогаш ќе бидат на исто место во мојот живот,секако првото.
< Поракaта ја уредил Pepelaska### -- 21.1.2012 17:28:32 >
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
RE: Мажот после продувањето на жената 7.2.2012 23:52:01
SkCura77
Не се чувствувал отфрлено воопшто, зашто се и цел живот откако сме заедно правевме и правиме пола-пола. Имавме тежок живот и пак го имаме и научени сме да се бориме еден за друг. Кога дојде бебе во нашиот живот, само бевме збунети, но најсреќни. Спиеме заедно и се правиме заедно-хранење, бањање, пресоблакање, играње со бебето. Тој оди на работа, јас седам дома и колку можам го одмарам и одменувам, но гледам дека сам сака и сам се труди. Најважно ми е што се поврзаа со синот уште од првата недела, бев со царски, имав ужасни болки од раната и ММ се сам работеше, јас само давав инструкции и за се ме слушаше и ми помагаше.