|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Слепо црево
14.1.2010 9:41:30   
pacuvce
Барав низ форумот,но не успеав да најдам ваква тема...Доколку ја има,однапред се извинувам и го молам модераторот да ја премести...

Имено,поттикната сум да ја отворам,затоа што синоќа дома имавме малку панична ситуација...Син ми (7 год) одденаш почна да се жали на јаки болки во стомакот,да се витка,се препоти и почна да плаче...И јас нормално веднаш помислив дека е слепо црево...Ианку ова ни се случува неколку пати досега и еднаш дури и го однесов кај матичната лекарка која по извршениот преглед (со пипкање на долниот дел од стомакот) и направена крвна слика(при што,според нејзина изјава,крвната слика беше мирна) ни рече дека нема ништо.Арно ама овие напади ни се јавуваат од време на време и мене ме вознемируваат,па така ноќеска цела ноќ не сум спиела...

Инаку јас не сум оперирана од слепо црево,така да не сум во состојба да ги препознаа тие болки...Ги молам сите РР мамички кои имаат искуство со оваа проблематика да ми помоигнат...Кога стомачните болки се знак за слепо црево...user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Love is in the air
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Слепо црево
14.1.2010 12:12:46   
mother 29
Не мора да се работи стриктно за болки, може симптомите да бидат и повраќање, гадење, губење на апетит, отоци, дијареа или запек... Ако се работи за воспаление, најмногу за 2-3 дена ќе мора да  се одина операција, а болките во тој стадиум се неиздржливи..ова е моето скромно знаење зса слепо црево.
ако ти помогне нешто??


< Поракaта ја уредил mother 29 -- 14.1.2010 12:13:20 >

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Слепо црево
14.1.2010 12:14:58   
pacuvce
Мотхер29,ти благодарам за одговорот...Еве сега се однесува како ништо да не било и си чита лектира...Ама затоа синоќа ја крена куќата во вис...user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Слепо црево
14.1.2010 12:18:29   
profesorica
Јас сум оперирана од слепо црево. Значи ако му е воспалено мора да покаже на крвна слика.Неможе да е мирна.Треба да има зголемени леукоцити. Болките се постојани и нема пропратни симптоми.Мене знам дека многу ми се спиеше а неможев ни да одам од болки.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Слепо црево
14.1.2010 12:23:53   
pacuvce

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

Aко му е воспалено мора да покаже на крвна слика.Неможе да е мирна.Треба да има зголемени леукоцити.



Па тоа и јас се чудам...А на секое заболување (отприлика на 2-3 месеци еднаш,ама со јаки болки) не можам секогаш да одам во болница и да кревам паника...А сум слушала дека е многу опасно пак да биде во состојба пред пукнување...А сега додека пишувам,ми падна нешто друго на ум...А да не е некој брух (мислам дека така се вика)...Како пак се манифестира тој...Кои се симптомите за него???

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Слепо црево
14.1.2010 12:26:21   
mother 29
aј ти туку седи мирно...не си праи филмови....добро си е детето,штом си седи сега мирно...може некој моментален грч!user posted image


(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Слепо црево
14.1.2010 12:29:23   
mami
А да го однесеш да го снимаат? ако веќе му се појавува на секои неколку месеци. или да го пратиш да не му е реакција на некоја храна? нешто луто па да го преоптоварил желудникот? незнам, нагаѓам само, ама размисли да го однесеш на клиника да го снимаат, да не е некоја кила

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Слепо црево
14.1.2010 12:30:54   
bojanas
Дај му кока кола или пепси на детето!!
Син ми правеше едно време такви циркуси и една пријателка ми даде предлог да му дадам пепси (без шеќер разредено) и помогна.
АКо е слепо црево че има болки, дури и при притосок на стомакот, зголемени леукоцити. Ако не си сигурна носи го пак кај матичната

_____________________________

Кајче мама тато дада јас и бато секој среќен пее дури ветре вее

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Слепо црево
14.1.2010 12:38:12   
pacuvce

ИЗВОРНА ПОРАКА: bojanas

Син ми правеше едно време такви циркуси


Понекогаш и јас овие болки ги манифестирам како правење циркус,ама понекогаш и ме загрижуваат...А како што веќе пишав,сега не му е ништо...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Слепо црево
14.1.2010 12:39:08   
Iva
Вака сега, јас ќе ви кажам што се случи во мојот случај. Некаде од 4одд. мене почна секој ден да ме боли стомак. Немаше ден мене барем по пола саат во денот да не ме заболи стомак. Тоа траеше 2-3 години. Бев на сите лекари, крвни слики ми направија милион, се беше ок. Никој не кажа кажа дека проблемот бил во слепото црево. Ми викаа од пубертет ти е, можеби се бубрези итн. Моите више не знаеја каде да ме однесат.

Мајка ми дома име една книга од мнооогу одамна "Домашен лекар". Во неа има се што ти душа сака од болести и нивно лечење. Во неа прочитавме како да ги препознаеме знаците ако се работи за слепо црево и како дома сами да провериме. Значи од оние стандардни симптоми како кочење на десна нога, покачени леукоцити, јас од тоа немав ништо. Мене само ме болеше стомакот, имав бел јазик и ми се пиеше вода.

Но има еден начин според кој ние дома самите откривме дали се работи за слепо црево. Значи вака, во пределот на стомакот каде што се наоѓа слепото црево, паралено на другата страна од стомакот, значи од лева страна на истото место се притиска многу силно стомакот. Нагло се пушта и ако се осети болка точно кај слепото црево, тогаш тоа претставува симптом на воспалено слепо црево.

Ние со оваа теорија отидовме на лекар и докторката ни вика - Ништо не е , од пубертет (*повторно). И на крај со врски стигнавме (истиот ден) до началникот на дигестивна хирургија во Воена Болница. Човекот само што ме пипна, веднаш кажа дека е слепо црево и под ХИТНО ме оперираа истиот ден. Кога го извадиле слепото црево било толку потечено и згрчено секој момент можело да пукне.

Затоа побарајте си повеќе мислења, зошто нашиве доктори се доктори само на хартија.
Се надевам Пацувче дека не е ништо сериозно и се надевам дека мојов пост ќе ти помогне.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Слепо црево
14.1.2010 12:44:19   
pacuvce
user posted image user posted image user posted image за Ива и нејзиниот одговор...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Слепо црево
14.1.2010 12:45:23   
profesorica
леле Ива, замисли па поима немаат докториве бре.

да да знам мене така ме стискаа и одедаш го пуштаа месотот и ако те здоболе некаде.познато ми е ова.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Слепо црево
14.1.2010 16:28:01   
Еца
Акутен апендицитис  е термин што во превод на македонски значи воспаление на слепото црево и го означува најчестото стомачно заболување што бара итен хируршки третман. Ги зафаќа сите старосни возрасти, но кај децата и постарите честопати се јавува со некарактеристични симптоми.

Ова заболување се јавува како резултат на опструкција (затнување) на луменот (отворот) на слепото црево со некоја фекалија и придружна инфекција или со накалемување на цревни микроорганизми врз веќе здебеленото лимфно ткиво во ѕидовите од слепото црево.

Како што почнува инфекцијата, постои типична постојана централна стомачна болка, во пределот на папокот, која со влошувањето на воспалението се префрла во долниот десен квадрант на стомакот. Постои анорексија (намалена желба за храна), а најчесто повраќањето, што може да се јави, не е силно изразено. Чест симптом е констипација и стомак исполнет со гасови, но може да се јави и пролив. Други придружни симптоми се: забрзан пулс, зголемена телесна температура (37.5-38.5 Целзиусови степени), потреба за мирно лежење, болки при кашлање, плитко вдишување поради болката во стомакот.

Постојат и варијации во симптомите на болеста, посебно кај децата и постарите луѓе. На пример:
*бебе кое има воденикав пролив и често повраќање (воспалението на слепото црево може да биде компликација на едноставно стомачно заболување);

*дете кое има блага стомачна болка, но не сака да ја јаде својата омилена храна;

*старец кој е исцрпен и во состојба на шок, и сосема збунет, но нема стомачна болка.

Третманот се состои во брза апендектомија (хируршко отстранување на слепото црево). Доколку е потребен подолготраен транспорт до првата здравствена установа, за ублажување на тегобите може да помогнат и студени, односно ледени облоги. (Ј.Д.)


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Слепо црево
14.1.2010 16:51:34   
Anushka
еееее, да! Докоториве сирот, уникум се.
Еве уште една приказна „Слепо црево“
Многу одамна, на една мене драга личност и` извадиле слепо црево. И така. После некое време си раѓа деца. После некое времедобива циста на јајник и мора итно на операција. Таму гледаат дека слепото црево си стои, а на жената и` извадиле јајовод.
А таа си родила дури и деца. Со слепо црево.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Слепо црево
1.12.2010 17:51:04   
kaktus
Моето дете има 16 години и ми се пжали дека има напнатост во стомакот тие болки траат околу четири дена но само се чуствува чудно а не оној начин на болки да не може од кревет да стане. Исто така забележал деја има течна столица дали може да е слепо црево и што би посоветувале ????

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Слепо црево
16.7.2012 17:36:21   
liljak
lele panika me faka , me bollese 3 dena dolniot desen del i denes bev na ginikolog napravivi krvna slika i leukocitite mi se 12 000 , doktorot veli da ne izbrzuvame mnogu , mnogu so odma operacija...kazete sovet, dali ke treba operacija?...dolgo vreme se boram za user posted image
, imav spontan aborus , kako ke vlijae ova so slepoto crevo ...se plasam

(Одговор на членот kaktus)
Непосредна врска до пораките: 16
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Пелени.
пеперутка16

Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?