niki
|
Да, да Палешка, баш заговор и удира на вистинско место. На мајка ненаспана, изолирана од сиот свет бидејќи е врзана за домот и бебето, заробена во магичниот круг на менување пелени, доење и успивање, кажи и како ќе биде посреќна и имаш загарантиран резултат. Но сите испуштаат дека и со адаптирано млеко ти требаат 5-10 минути за да подгрееш вода, па да го смучкаш, па ако не си ја потрефила температурата, да го ладиш, па 10 минути детето дур го исцица и се тоа по 6 до 7 пати во текот на денот и уште и ноќно хранење, а го занемаруваат фактот дека со доењето се избегнуваат сите тие процедури и ноќе не мора да се напушта топлиот кревет за да се нахрани бебето и исто така подојот ретко кога трае повеќе од 20 минути. И здравствени проблеми може нема, и можеби е неблагодарно да се споредуваат бебиња, но хранетите бебиња со вештачко млеко најчесто се огромни и оставаат впечаток дека се повозрасни отколку што навистина се, насптори доените кои се секогаш слабички и поради трендот веќе луѓето почнаа да ги гледаат како неухранети африканчиња... Ај да не додавам уште еден пост, овде ќе си додадам проширување во темата и малку ќе отидам во OFF Јас мислам дека постои заговор против родителството, не само против доењето и тоа се само за да се профитира на тоа...Ако ти е тешко да доиш, дај му адаптирано и купувај, ако неможеш да го смириш кога плаче, дај му цуцла лажачка и купувај, ако и тоа не помогне стави го во релаксатор и купувај, ако не сака да седи во него да не те боли грб носи го во кенгур и купувај, научно истражување докажа дека кенгурот не е добар за колковите, смени го со слинг марама и купувај, ако не можеш да го одбиеш од цуцла само ќе се одбие, а за да ги заштитиш забите за секоја возраст има соодветна и до три и повеќе години нека си носи цуцла ти само купувај, ако не го прифаќа нокширчето, нема везе до училиште само ќе научи ти до тогаш купувај пелени и такааааааааааааааа до недоглед....... Никој веќе не вели ти си родител и со тоа си избрал тој еден килограм месо да го направиш човек и за тоа треба многу многу да се трудиш, туку се има нешто што ќе ти олесни само треба да го купиш.....
< Поракaта ја уредил niki -- 26.5.2010 11:06:20 >
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
|