mother 29
|
Објавено: 2009-06-12 Брокулата е многу богата со сложени фитохемикалии, а содржи и калциум и магнезиум, а од витамините, ги содржи витамините од Б групата, особено витаминот Б9, а витаминот Ц го има во иста количина, како и кај јужното овошје и пиперката. Заради тоа брокулата, е голем извор на растителни влакна, неопходни за дигестивниот трак. Брокулата се покажува како лековит зеленчук, ги ублажува кардиоваскуларните болести, и ја одржува еластичноста на крвните садови. И во случаите на очните болести, брокулите покажуваат одлично лековито својство. Заради огромното количества хранливи материи, и витаминот Ц, брокулата го јакне нашиот имунолошки систем, и му помага на организмот, да се заштити од грип, и од вирусни инфекции. Витаминот Б9 кој во голема количина го содржи брокулата, помага во случај на анемија, а заради моќните антиоксидансни својства, редоното консумирање на овој зеленчук, ги ублажува тегобиите, при паркинсовата болест.
|